Куба Станкиевич () или неговото вистинско име Јакуб Лех Станкиевич (роден на 7 декември 1963 година во Вроцлав) — полски џез пијанист и композитор. Тој е меѓу најдобрите полски џез пијанисти.
Музичка кариера Својата кариера ја започнал во бендовите на Јан „Пташин“ Врублевски и Збигњев Намисловски (1985–1987). Со Намисловски настапувал во САД и Мексико, каде ги снимиле албумите Песна на невиноста (анг: Song of Innocence) и Отворено (анг: Open). Во периодот 1987–1990 година студирал на музичкиот колеџ Беркли во Бостон (дипломирал по пијано) и патувал низ САД со оркестарот Арти Шо. Добитник е на наградата Оскар Петерсон и полуфиналист на Меѓународниот натпревар за џез-пијано Телониус Монк во Вашингтон. По своите американски искуства, се вратил дома и основал свој бенд. Неговиот авторски албум насловен Северна Песна (анг: Northern Song) бил избран за албум на годината, според анкетата на читателите на списанието Џез Форум. Во 1994 година за неговите креативни достигнувања ја добил наградата на Третата програма на полското радио – „Матеуш '94“.
Критичарите имале пофални зборови за албумот на Травелинг Брдс Квинтет, каде Станкиевич соработувал со Дарек Олешкевич, Пјотр Војташик, Пјотр Барон и Цезари Конрад. Покрај тоа соработувал или сè уште соработува меѓу другите со: Арт Фармер (албумот Уметност во Вроцлав), Скот Хамилтон, Харви Сварц, Шила Џордан и меѓународниот џез бенд Централ Јуропиан Џез Конекшн. Во 2013 година бил издаден неговиот албум насловен Килар.
Куба Станкиевич ја предводи Катедрата за џез музика и предава во класата по пијано на Музичката академија Карол Липински во Вроцлав. Во мај 2009 година докторирал, а во 2016 година се стекнал звање хабилитиран доктор од областа на музичката уметност, уметничка дисциплина – инструментални студии, на Инструменталниот факултет при Музичката академијата во Вроцлав.
Наводи
Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“