Иридиум-192 (симбол 192Ir) — радиоактивен изотоп на иридиумот, со време на полураспад од 73,827 дена. Се распаѓа со емитување бета (β) честички и гама (γ) зрачење. Околу 96% од 192Ir распаѓањата се случуваат преку емисија на β и γ зрачење, што води до <sup id="mwEQ">192</sup>Pt. Некои од β честичките се заробени од други јадра на 192Ir, кои потоа се претвораат во 192Os. Зафаќањето на електрони е одговорно за преостанатите 4% од распаѓања на 192Ir. Иридиум-192 обично се добива со неутронско активирање на иридиумов метал што го има во изобилие во природата. Иридиум-192 е многу силен емитер на гама зраци, со гама-доза-константа од приближно 1,54 μSv ·h−1· MBq −1 на 30 см, и специфична активност од 341 TBq ·g−1 (9,22 kCi ·g−1). Постојат седум главни енергетски пакети произведени за време на неговиот процес на дезинтеграција кои се движат од нешто повеќе од 0,2 до околу 0,6 MeV. Најчесто се користи како извор на гама-зраци во индустриската радиографија за определување на места на недостатоци во металните состојки. Исто така се користи во радиотерапијата како извор на зрачење, особено во брахитерапијата. Иридиум-192 е одговорен за повеќето случаи следени од американската јадрена регулаторна комисија во кои исчезнале радиоактивни материјали во количини доволно големи за да се направи валкана бомба.
Метастабилниот изомер 192m2Ir е најстабилниот изомер на иридиумот. Се распаѓа со изомерен преод со време на полураспад од 241 година, што го прави необичен, и поради неговото долго време на полураспад за изомер, и тоа време на полураспад значително го надминува она на основната состојба на истиот изотоп.
Поврзано Изотопи на иридумот
Наводи
Категорија:Изотопи на иридиумот