Илинденска пензија — орган во Социјалистичка Република Македонија формирана со цел да доделува пензија кон учесници во македонското национално движење меѓу 1893 година до 1908 година. Законот бил предложен и примен во македонското собрание на 27 јули 1946, објавено во државниот весник на 30 јули. Органот имало три члена, по закон еден од нив требало да биде учесник во Илинденското востание или во македонското револуционерно движење, за тоа тие го одбрале истакнатиот велешки социјалист и политичар Александар Мартулков

Структура Илинденската пензија доделувала пензија на тие кои биле активни во револуционерното движење меѓу 1893 година до 1908 година. Илинденската пензија по структура и функција е слична со Народната пензија, орган во Царството Бугарија со цел да доделува пензија на илинденци кои ја подржувале тогашната бугарска фашистичка окупаторска власт. Законот бил во функција меѓу 1943 и 1944 година, прекинал после народното ослободување на Македонија.

Комисијата кои ги доделува илинденските пензии е составена од три личности, според третиот член на законот — еден од трите личности мора да биде учесник во Илинденското востание. Според вториот член на законот, објавен во државниот весник, еден од следните услови требало да бидат исполнети за да се добило пензијата:

Морал да биде организатор или раководител во македонското национално движење. Со оружје на рака морал да учествува во битка за македонското национално движење. Членови на МРО кои извршиле специјални функции за организацијата по наредба од главните раководители. Ако не бил член на МРО, барем да не ја пријавил организацијата кон турската власт.

Пензијата можеле да го примат само тие кои биле во неповолна економска состојба. Според петиот член на закон ако еден од следните услови биле исполнети, илинденецот немал право да аплицира за пензија

Илинденците кои останале неверни кон националната борба. Илинденците кои при државна осуда изгубиле граѓански права. Илинденците кои се лишени од активно и пасивно изборно право. Илинденците кои се бореле за бугарските фашистички окупатори. Илинденците кои соработувале со фашистичката власт.Во законот имало исклучок на ова правило дека ако соработувале со власта но после се приклучиле во народното ослободително движење тие сѐ уште можеле да ја примат пензијата. Илиденците кои не се граѓани на СФРЈ.

Месечната пензија можела да биде меѓу 1.000 и 4.000 југословенски динари, целосно зависило од комитетот и колкаво учество илинденецот имал во националното движење. Според шестиот член условите за губењето на илинденската пензија биле лабави, единствен начин илинденец можел да си ја изгуби привлегијата е преку осуда или преку смрт. Тие кои аплицирале морале да пратат писмо кај одборот при Президиумот на НАРСНРМ. Во писмото требало да наведат кус животопис, учество во националното движење, со кого соработувале (ако соработувале со некои воопшто), дали биле уапсани поради нивните дејства и морале да наведат сведоци за нивните активност.

Ако имало случај каде првата молба им била одбиена но тие сѐ уште сакале да ја примат пензијата тогаш морале да пратат поплака до министерот за економија и финансии во следните три месеца. Кога ќе почине носителот на пензијата тогаш за првите два месеца ќе го прими неговото семејство пред да е целосно прекинато. Пензијата не можела да се прими во странство без одобрување од министерот за економија.

Белешка од Мартулков

Список на добитници

мини|Александар Мартулков — добитник на илинденската пензија|293x293пкс

Истакнати дејци

Александар МартулковНосители на Илинденската споменица автоматски имале право да примат илинденска пензија Крсте Гермов - ШакирКрсте Гермов бил критикуван од други Илинденци кои аплицирале за пензија поради големата сума кој ја добил. Според самите правила можело само до 4.000 југословенски динари месечно, но Гермов примил 8.000. Милтон Манаки

Други

Мишко Горески Трајче Божиновски Филип Вељаноски Наум Бочваров Стојан Темјаноски Алекса Митаноски Анастас Анѓелоски Ванчо Јуруковски Кочо Мијајлевски

Литературни дела

Наводи

Категорија:Илинденска пензија Категорија:Поранешни закони во Македонија