Свети Атанасиј — главна селска црква во штипското село Брест, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на почетокот од селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Храмот бил подигнат и осветен околу 1907 година, но нема податоци кој ја осветил.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, но нема податоци кој бил зографот.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Брест
Наводи
Надворешни врски
Брест