десно|мини|300x300пкс| Зграда на станицата, пред плоштадот Европа/Плоштадот Трансалпина. Оваа слика е сликана од центарот на плоштадот, кој го минува италијанско-словенечката граница. Железничка станица Нова Горица (сло: Železniška postaja Nova Gorica) го опслужува градот и општината Нова Горица, во Приморска регионот на Словенија, а исто така е достапен и од градот Горица, Италија.

Станицата е дел од железницата Бохињ, помеѓу Јесенице, Словенија и Трст, Италија. Поради нејзината географска положба, има претрпено неколку промени на нејзиното име и државата на која припаѓа.

Од нејзиното отворање во 1906 до 1919 година, станицата била лоцирана во рамките на Австриската империја. Во 1919 година, како дел од промените на границите по Првата светска војна, таа била припоена од страна на Кралството Италија и преименувана во Стационе ди Гориција Норд. Во 1923 година, станицата повторно и било сменето името, овој пат со Стационе ди Горициа Монтесанто.

Во 1947 година, контролата на станицата била дадена на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, при што станицата се наоѓала во рамките на Социјалистичка Република Словенија и била преименувана во Железнишка пошта Нова Горица. Словенија станала независна во 1991 година, но во таа прилика на станицата не ѝ било сменето името. Станицата моментално е во сопственост и управувана од Словенечки железници.

Локација Зградата на главната станица гледа кон Плоштад Трансалпина, која е дел од границата меѓу Нова Горица и Горица од 1947 година.

Историја

Австриски период Станицата била отворена на 23 јули 1906 г, по инаугурацијата на делот Јесенице-Трст (или железница Бохињ) од мрежата на железнички линии која била позната како Трансалпина. Во тоа време, станицата ја опслужувала Горица, која тогаш била во рамките на Австриското царство.

Трансалпската железничка мрежа била изградена на почетокот на дваесеттиот век од страна на Австроунгарското Царство, со цел да се подобреле врските помеѓу нејзината внатрешност и пристаништето Трст, преку поврзување на градот Ческе Будјејовице, во денешна Чешка Република, со градот Трст, а потоа и во Австриската империја. Управувањето со мрежата и нејзиниот возен парк првично било доверено на Империјалната Кралска Австриска Државна железница.

Станицата првично била именувана Државната железничка станица Горица, за да може да се разликува од главната станица на Горица, Јужна станица Горица, која била дел од железницата Удине-Трст и била управувана од страна на Австриската јужна железница, приватна компанија. Двете станици биле споени со поврзувачка линија која делумно ја користела постоечката железничка линија помеѓу Горица и Ајдовшчина.

За време на Првата светска војна, со оглед дека се наоѓала блиску до воениот фронт, патничката зграда на станицата била сериозно оштетена.

Италијански период Во 1918 година, по прераспределбата на териториите на Јулиска Краина на Кралството Италија, контролата на железницата Бохињ помеѓу Подбрдо и Трст станала одговорност на Државни железници на Италија (ФС). Под раководство од страна на ФС, главната задача им била да ја обноват патничката зграда според првичните планови. Дополнително, името на станицата било сменето двапати, првично во Стационе ди Гориција Норд, и во 1923 година во Стационе ди Гориција Монтесанто.

Во времето кога Италија се приклучила во Втората светска војна во 1940 година и особено за време на инвазијата на Југославија во 1941 година, станицата одиграла важна улога во транспортот на луѓе и ресурси кои биле насочени напред или назад од неа. Во 1943 година, железничките простории биле окупирани од страна на Германците.

Германски период Од 1943 до 1945 година станицата била управувана од Германска компанија Рајхсбан. Тоа била стратешка точка во транспортот на Евреите и партизаните во концентрационите логори, вклучувајќи ги Аушвиц, Маутхаузен, Терезиенштад и Ризиера ди Сан Саба. Партизаните претставувале заробени Словени кои обично биле испратени на островот Раб или Ризиера ди Сан Саба.

Југословенски период Според Париските мировни договори, 1947 година, источните територии на провинцијата Горица биле предадени на Југославија, како и источните области на Горица и железничката линија која се наоѓала помеѓу железницата Бохињ кај Подрбрдо и Вила Опицина.

Раководството на станицата потоа преминала на Југословенски железници, под нејзината љубљанска поделба. Плоштадот пред патничката зграда бил поделен помеѓу двете држави со таканаречениот ѕид на Горица. На фронтонот на патничката зграда, која гледала директно кон Италија, била поставена црвена ѕвезда, која претставувала симбол на социјализмот.

Југословенските железници ја преименувале станицата Железнишка пошта Нова Горица за да укажеле дека ќе била изградена нова општина во источните области на Горица, и исто така ќе ја обновеле линијата помеѓу Горица и Монтесанто Првачина. Врската на станицата со Удине и Трст била прекината на границата во близина на железничката станица Горица Сан Марко, која била поставена помеѓу двете железнички управи и била лоцирана на југословенска територија.

Во 1960 година, врската со железничката станица Гориција Централе повторно се отворила, и патничкиот сервис започнал со работа со користење на ФС возен парк.

Словенечки период алт=Nova Gorica railway station in Europe square|мини| Нова Горица, Железничката станица Со независноста на Словенија во 1991 година, станицата и железничката линија биле предадени на Словенечките железници. Во декември 1991 година, комунистичката црвена ѕвезда на фронтонот на станицата била изменета за да претставува Божиќна ѕвезда. Но набргу потоа, таа била отстранета. Плоштадот Трансалпина бил поделен помеѓу Италија и новата држава Словенија.

Во 2004 година, кога Словенија станала дел од Европската унија, сите гранични ознаки на плоштадот биле отстранети, а Ѕидот на Горица што го делел на два дела бил урнат. Во 2007 година, кога Словенија влегла во Шенген зоната, последните формални царински контроли биле елиминирани и плоштадот повторно бил обединет.

Објекти и опрема Покрај патничката зграда, станицата опремена со барака за локомотиви, грамофон и државен граничен музеј.

Наводи

Надворешни врски

Слики од градот и станицата Официјален сајт на словенечките железници

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Железнички станици во Словенија