Птолемаида Киренска () била музички теоретичар, автор на Питагорејските принципи на музиката (Πυθαγορικὴ τῆς μουσικῆς στοιχείωσις). Таа живеела можеби во 3 век п.н.е., а „сигурно не по првиот век од нашата ера“.Rocconi 2003, p. 101 Таа е единствениот познат женски музички теоретичар од антиката.

Животопис Речиси ништо не се знае за нејзиниот живот; нејзините дела се познати поради референците во коментарот на Порфириј за Птоломејовите Хармоники.Rocconi 2003, p. 99 Таа има исто место на потекло (Кирена, Либија) како и Арета Киренска (филозофка од киренејската школа, чии доктрини вклучувале питагорејски елементи) и Ератостен (чии многу интереси вклучувале и музичка теорија).Rocconi 2003, p. 100 Таа е една од неколкуте писателки поврзани со питагорејството.Rocconi 2003, p. 99

Творештво Во своето дело, напишано во форма на катехизам, таа коментирала за музичко-теориската дебата за правилните улоги на разумот и сетилно искуство во проучувањето на музиката. И покрај нејзината очигледна приврзаност кон питагорејството, школа чии теоретичари (канониците) ја ставале музиката на рационална и математичка основа, нема видливо непријателство во нејзините цитати на емпиристите следбеници на Аристоксен (музиките); можеби методолошката поделба не била толку апсолутна за време на нејзиниот период или од нејзина гледна точка.Rocconi 2003, pp. 104-5 Птолемаида исто така се повикува на музиколозите кои им давале подеднакво значење на перцепцијата и разумот, претпочитајќи да го гледа самиот Аристоксен (наспроти неговите следбеници) во оваа светлина, па дури и нагласувајќи ја компатибилната улога на перцепцијата во Питагорејската теорија.

Белешки

Наводи

Eleonora Rocconi, "Un manuale al femminile: L'Introduzione pitagorica alla musica di Tolemaide di Cirene," in Ars/Techne, ed. Maria Silvana Celentano, Alessandria: Edizioni dell'Orso, 2003, pp. 99–114

За понатамошно читање

Ендрју Баркер, Грчки музички записи, кн. 2, Хармонична и акустична теорија, Cambridge University Press, 1989, стр. 239–242 Флора Левин, Грчки размислувања за природата на музиката, Cambridge University Press, 2009, Поглавје 7: "Aisthēsis" и "Logos": A Single Continent"

Категорија:Питагорејци Категорија:Старогрчки писатели Категорија:Старогрчки филозофи Категорија:Женски филозофи