Нада Михајлова Веселинова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била монополска работничка. Од есента 1940 година станала член на КПЈ. За времето на окупацијата живеела во Скопје. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци и во него чувала илегалци. На 30 ноември l941 година бугарската полиција ја затворила, но поради немање докази по 10 дена била пуштена на слобода. Во 1942 година повремено била задолжена да ги снабдува со леб партизаните. Во октомври истата година се преселила во Битола и се поврзала со партиската организација. Како курир на МК КПМ - Битола пренесувала пошта. Во својот дом чувала илегалци. Од втората половина на 1943 година повремено била ползувана како курир.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ