„Лазарополски хаикуа“ — збирка од 120 хаику песни на македонската поетеса Искра Донева од 2013 година, објавена како самостојно издание на авторката. Книгата е посветена на Јован Ламбески, со благодарност за гостопримството и поддршката на авторката.Искра Донева, Лазарополски хаикуа. Скопје, 2013, стр. 2.

Технички податоци Делото, со обем од 133 страници, е испечатено во печатницата „Графотекс“ во Куманово. Графичката обработка е дело на Лиле Шијак, автор на фотографијата на корицата е Александар Станојков, а Ѓоко Здравески ја извршил лектурата. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-65559-1-7.Искра Донева, Лазарополски хаикуа. Скопје, 2013, стр. 131-133.

За делото Стихозбирката настанала како резултат на учеството на Донева во книжевната работилница „Кратки книжевни форми“, одржана во семејната куќа на Јован Ламбески во Лазарополе, на 27 и 28 октомври 2012 година.„Деноноќие во планинска контемплација“, во: Искра Донева, Лазарополски хаикуа. Скопје, 2013, стр. 123-124. Во освртот кон делото, Владимир Мартиновски забележува дека песните на Донева се нижат како кадри во филм правејќи лирски патопис. Притоа, секое хаику ги бележи амплитудите на нејзините доживувања на природата, на планинскиот пејзаж, на традиционалната архитектура, на топлиот амбиент во селската куќа, на есента, на радоста на пишувањето и на креативниот молк. Лирскиот сензибилитет на Донева нè уверува дека убавината на животот не се мери само по годините на неговото траење, туку по интензитетот на неговата различност, неповторливост и убавина. Со внимателно одбраните зборови и моќните поетски слики, збирката ги осветлува и топли нашите души.Владимир Мартиновски, „Лазарополски хаикуа од Искра Донева“, во: Искра Донева, Лазарополски хаикуа. Скопје, 2013, стр. 125-129.

Наводи

Категорија:Дела на Искра Донева Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 2013 година Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2013 година Категорија:Хаику