„Последните цврсти луѓе“ (англиски: The Last Hard Men) — филм на режисерот Ендрју Маклаглен од 1976 година. Главните улоги ги играат: Чарлтон Хестон, Џејмс Кобурн и Барбара Херши.РТС, Закон мржње (пристапено на 1.3.2025)
Синопсис На почетокот на 20 век, во Аризона, група затвореници бега за време на превозот од едно на друго место. Еден од нив е Зак Прово, полу-Индијанец, затворен уште кон крајот на 19 век. Прово побегнал со уште шестмина затвореници и сака да му се одмазди на Сем Бургејд, шерифот кој не само што го уапсил, туку кого Прово го смета за одговорен за смртта на неговата сопруга. Како дел од планот, Прово ја граба ќерка му на Сем, кој веќе некое време е во пензија, но во оваа прилика мора повторно да го земе оружјето в рака и да се избори со одметниците...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Филмови на Ендрју Маклаглен Категорија:Филмови со Чарлтон Хестон Категорија:Филмови со Џејмс Кобурн Категорија:Филмови со Барбара Херши Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Аризона