Патрик "Пади" Џејмс Колман Макнер (роден на 27 април 1995, во Баликлер) е северноирски фудбалер, на и на северноирската репрезентација.

Клупска кариера Манчестер Јунајтед Роден во Баликлер, округот Антрим, Макнер започнал да игра фудбал во Баликлер Колтс и првпат бил откриен од извидникот на Манчестер Јунајтед, северноирецот Тони Колтер, кога Макнер имал 12 години и набргу потоа тој патувал за да тренира со Јунајтед за време на училишниот распуст. На крајот, тој потпишал за клубот во 2011 година, откако ги импресионирал клупските скаути во улогата на играч од средниот ред во Баликлер Колтс, но подоцна бил претворен во централен дефанзивец од тренерот во младинските категории на Јунајтед Пол МекГинис. Додека ја правел транзицијата од средниот ред во одбраната, Макнер често бил споредуван од МекГинис со играчот на првиот тим Мајкл Карик.

Макнер го направил своето деби за сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед на 27 септември 2014 година, против Вест Хем Јунајтед на Олд Трафорд во победата со 2–1 во Премиер лигата, започнувајќи го натпреварот неочекувано поради кризата со повредени играчи од одбраната. Тој бил пофален за својот настап од навивачите и од менаџерот Луј ван Гал пружајќи солидна одбранбена игра на тој натпревар, вклучително и едно клучно исфрлање на топката со глава додека Јунајтед биле со 10 играчи.

И покрај неискуството на Макнер во највисоката англиска дивизија, Манчестер Јунајтед победил во секој од првите четири натпревари во кој тој бил во стартната постава. На 4 јануари 2015 година, Макнер бил во почетниот состав за натпреварот од третото коло на ФА Купот против Јовил Таун што завршил со резултат 2–0, играјќи како десен бек во 3–5–2 формација. Тој повторно започнал во истата улога и формација во следното коло на турнирот против Кембриџ Јунајтед, во натпревар во кој неговата екипа славела со 3–0. По неговиот импресивен настап, Ван Гал јавно го пофалил Макнер тврдејќи дека може да продолжи и да се етаблира како нов Гари Невил, сугерирајќи дека би можел да биде редовен на таа позиција во следната деценија. На 10 февруари 2015 година, тој потпишал нов договор со Манчестер Јунајтед, задржувајќи го во клубот до јуни 2017 година.

На 28 ноември 2015 година, откако бил држен надвор од стартната постава поради константноста и формата на одбранбената четворка на Манчестер Јунајтед, Макнер го направи својот прв старт за Манчестер Јунајтед во сезоната 2015–2016, заедно со соиграчите Дели Блинд и Крис Смолинг во одбрана од тројца играчи против Лестер Сити. Натпреварот завршил нерешено 1-1.

Сандерленд На 11 август 2016 година, Макнер потпишал четиригодишен договор со Сандерленд, откако клубот се договорил со Манчестер Јунајтед за сума од 5,5 милиони фунти во пакет да ги добие Макнер и Доналд Лав. Два дена подоцна, тој го направил своето деби во гостинскиот натпревар против Манчестер Сити, влегувајќи како замена во 83-тата минута на местото на Џермејн Дефо. Натпреварот на крајот завршил 2–1 во корист на Сити, при што Макнер постигнал автогол во обид да изблокира центаршут од страна на Хесус Навас. Макнер постигнал два гола за Сандерленд во победата со 2–1 во третото коло на Лига купот над Квинс Парк Ренџерс на 21 септември, неговите први два гола во професионалната кариера. На 20 ноември, Макнер ги скинал предните вкрстени лигаменти во победата со 3–0 над Хал Сити по што Сандерленд издале соопштение дека најверојатно тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тој ја завршил сезоната, забележувајќи само 12 настапи во сите натпреварувања, а истата за црните мачки завршила со испаѓање од Премиер лигата.

По повеќе од 11 месеци отсуство, Макнер се вратил во акција на 28 октомври 2017 година, играјќи 11 минути како замена во поразот на домашен терен со 2–1 од Бристол Сити во Чемпионшип. Три дена подоцна, тој го постигнал својот прв првенствен гол во кариерата, израмнувајќи го резултатот во ремито 3-3 против Болтон Вондерерс на Стедиум оф Лајт, четири минути подоцна откако влегол во игра на местото на Дарон Гибсон. Sunderland Echo го пофалил Макнер за неговите настапи за време на неговата втора сезона, која завршила со второто последователно испаѓање на клубот.

Мидлсбро На 26 јуни 2018 година, Макнер потпишал четиригодишен договор со клубот од Чемпионшип, Мидлсбро, во трансфер вреден околу 5 милиони фунти. Тој го направил своето деби во првиот натпревар од сезоната, победата со 3–0 над Шефилд Јунајтед на 7 август, во кој влегол во игра во 71-вата минута на местото на Џони Хаусон. Својот прв гол за Мидлсбро го постигнал во ремито 1–1 со Милвол на 24 август.

Во сезоната 2020-2021, Макнер ги одиграл сите 46 натпревари на Мидлсбро во Чемпионшип и во мај 2021 година бил избран за Играч на годината на Мидлсбро.

По завршувањето на сезоната 2023–2024, Макнер потврдил дека ќе си замине по истекот на неговиот договор во летото 2024, со што ќе го напушти Мидлсбро по шест години поминати во клубот. Својот последен натпревар за Мидлсбро го одиграл на 16 март 2024, во ремито без голови против Блекбурн Роверс. Вкупно во дресот на Мидлсбро тој одиграл 219 натпревари и постигнал 14 гола.

Сан Диего и заемот во Вест Бромвич Албион На 25 јули 2024 година, Макнер потпишал тригодишен договор со новиот член на МЛС лигата, Сан Диего. Со оглед на тоа што клубот требало да започне да се натпреварува во МЛС во сезоната 2025, Макнер бил позајмен на Вест Бромвич Албион до 31 декември 2024 година. Дебитирал за Вест Бромвич на 13 август 2024, во поразот со 2-1 од Флитвуд Таун во Лига купот. И покрај ова, во првенството тој најчесто се наоѓал на клупата за резерви или надвор од тимот, бидејќи менаџерот Карлос Корберан знаејќи го неговиот статус (краткорочната позајмица) на неговата позиција им давал приоритет на играчите со долгорочни договори. Сепак, тој добил можност да дебитира за клубот во Чемпионшип на 23 октомври 2024, во единаесеттото коло од првенството на гостувањето кај Блекбурн Роверс, започнувајќи како партнер на Семи Аџаји во срцето на одбраната и играјќи го целиот натпревар кој завршил без голови (0-0). Тој одново добил шанса во следниот натпревар против Кардиф Сити, но бил заменет уште во четвртата минута поради повреда и повеќе ниту еднаш не настапил како играч на Вест Бромвич, напуштајќи го клубот во јануари 2025 со само 3 одиграни натпревари.

На почетокот на јануари 2025, Макнер му се приклучил на Сан Диего во пресрет на подготовките за нивната прва сезона во МЛС. Своето официјално деби за Сан Диего го направил на 24 февруари 2025, играјќи како стартер во првиот историски натпревар на клубот во МЛС, победата со 2-0 над Лос Анџелес Галакси.

Репрезентативна кариера На 4 ноември 2014 година, Макнер бил повикан во сениорска репрезентација на Северна Ирска за првпат, пред квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2016 на гости кај Романија, но не настапил. Тој го направил своето деби на 25 март 2015 година, во пријателскиот натпревар против Шкотска на Хемпден Парк, играјќи ги сите 90 минути во поразот од 1–0. На 4 септември 2015 година, го одиграл првиот квалификациски натпревар во победата со 3–1 на гостински терен над Фарските Острови. На 8 октомври 2015 година, Макнер го започнал квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2016 против Грција, во кој Северна Ирска обезбедила одлучувачка победа од 3-1, квалификувајќи се за натпреварувањето, прв голем турнир на кој репрезентацијата се квалификувала по триесет години.

На 24 март 2016 година, Макнер се нашол во стартната постава за пријателскиот натпревар против Велс, кој завршил нерешено 1–1. Забележително, тој бил поставен во улога дефанзивен играч за врска наместо неговата поконвенционална позиција како централен дефанзивец. По неговиот настап во натпреварот, селекторот на Северна Ирска, Мајкл О'Нил, рекол дека „верува дека средината на теренот би можела да биде онаму каде што е иднината на Макнер“.

На 28 мај 2016 година, Макнер бил избран како дел од 23-члениот состав да ја претставува Северна Ирска на Европското првенство 2016 во Франција. Тој го започнал првиот натпревар на Северна Ирска против Полска во Ница, но на полувремето бил заменет со сонародникот Стјуарт Далас во поразот со 1–0. Потоа, тој влегол во дополнителното време на следниот натпревар, победата со 2–0 над Украина, но не се појавил повторно во остатокот од натпреварувањето. Репрезентацијата на Северна Ирска на крајот била елиминирана во осминафиналето, по поразот од Велс со 1–0.

Макнер го постигнал својот прв репрезентативен гол против Белорусија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2020 на 11 јуни 2019 година. Неколку месеци подоцна, во октомври 2019, тој постигнал два гола во победата со 3–2 над Чешка во пријателски натпревар одигран во Прага.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 7 март 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 ПЛ 16 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0+0 - - - - - - 18 0 2015-2016 ПЛ 8 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 ЛШ+ЛЕ 0+1 0+0 - - - 9 0Вкупно Манчестер Јунајтед 24 0 2 0 1 0 - - 27 0 2016-2017 ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 0+3 0+2 - - - - - - 12 2 2017-2018 ФЛЧ 16 5 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 16 5Вкупно Сандерленд 25 5 3 2 - - - - 28 7 2018-2019 ФЛЧ 16 0 ФАКуп+ЛК 3+4 0+0 - - - - - - 23 0 2019-2020 ФЛЧ 41 6 ФАКуп+ЛК 2+1 0+0 - - - - - - 44 6 2020-2021 ФЛЧ 46 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 47 2 2021-2022 ФЛЧ 42 5 ФАКуп+ЛК 4+0 0+0 - - - - - - 48 5 2022-2023 ФЛЧ 30+2Во плејофот. 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 - - - - - - 34 1 2023-2024 ФЛЧ 21 0 ФАКуп+ЛК 0+4 0+0 - - - - - - 25 0Вкупно Мидлсбро 196+2 14 21 0 - - - - 219 14 2024-2025 ФЛЧ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 3 0 2025 МЛС 2 0 УСКуп 0 0 - - - - - - 2 0Вкупно во кариерата 249+2 19 27 2 1 0 - - 279 21

Репрезентативна статиска

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Северна Ирска20154020161102017102018802019932020812021101202271202390202461Вкупно737

Титули Клупски Манчестер Јунајтед ФА Куп : 1 2015-2016

Индивидуални Играч на сезоната на ФК Мидлсбро : 2020-2021

Наводи

Надворешни врски

Пади Макнер на soccerway Пади Макнер на transfermarkt Пади Макнер на espn Пади Макнер на whoscored

Категорија:Северноирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година