Алис Хачисон (родена 12 август 1874 – 1953) била британска лекарка која служела во Балканската војна и Првата светска војна. Таа беше една од првите жени што водела болничка единица за време на војната и била наградена со српскиот орден Свети Сава.

Ран живот и образование Алис Мерион Хачисон е родена на 12 август 1874 година во Далхаузи, Индија. Нејзиниот татко, Џон Хачисон, бил мисионер кој што работел во Индија за црквата во Шкотска, додека нејзината мајка беше Маргарет Ендру. Таа се школувала во Бичвуд во Мофат, и во Бриџ оф Алан.

Кариера мини| Група на женски болен и ранет конвој корпус во кампот во Радлет во 1912 година. Хачинсон станала докторка по дипломирањето на Универзитетот во Единбург во 1903 година, а после две години се здобила со диплома за доктор по медицина. Потоа, таа била доктор задолжен за диспанзерот Џон Стрит во Единбург, болница која обезбедувала бесплатна медицинска нега. Таа била во Индија, каде што служела за време на епидемија на колера што ја погодила земјата.

Хачисон била една од трите жени лекарки кои отпатувале во Бугарија како дел од корпусот на женски болни и ранети конвој. Корпусот, кој бил формиран од Мејбел Сент Клер Стобарт, бил речиси содржан од само жени, со исклучокот на тројца мажи. Единицата поминала пет недели во земјата и ги лекувала ранетите и болните како резултат на војната. Тие заминале по потпишувањето на примирјето.

Првата светска војна Таа била волонтер на избувнувањето на Првата светска војна за шкотските женски болници за странска служба (ШЖБ) и исто така била првиот лекар од ШЖБ испратена во Франција и првично била сместена во Булоњ, Франција. Додека се барало зграда за сместување на болницата, избувнала епидемијата на тифус меѓу белгиските бегалци во Кале. Таа заедно со уште еден лекар и десет медицински сестри ги лекувала пациентите. Била забележана по тоа што имала најниска стапка на смртни случаи поради тифус во нејзината болница.

Мај 1915 година, Хачисон и нејзината единица, наречена Единица Лондон-Велс, биле испратени во Србија. На пат таму, тие застанале во Малта под британска контрола. Биле приведени од британската војска и им било наредено таму да ги лекуваат ранетите. Ова било единствениот пат во војната каде ШЖБ официјално ги лекувале британските ранети.

По две недели во Малта, тие пристигнале во Србија за да ја подигнат болницата со 40 шатори во Ваљево. Во октомври, инвазијата на германските и австроунгарските сили влегла во Србија, што ја натерало војската да се повлечат. По инвазијата на Бугарија, српската војска решила да се повлече преку Албанија. Хачинсон била решена да не ја следи српската војска и останала со своите пациенти. Таа била заробена од австроунгарските сили на 15 ноември 1915 година. Заедно со членовите на нејзината единица, поминала три месеци интернирана во Унгарија, каде што ја запознала Керолин Метјус, која била заробена во Србија откако на сличен начин престојувала со пациенти во Ужице и ѝ се судело за „шпионажа“. Таа викала „Како си, Твиги!“. (моминското презиме на Метјус било Твиги). Таа успешно се залагала за целото нивно ослободување, повикувајќи се на Женевската конвенција. Во февруари 1916 година, тие биле испратени преку границата на Швајцарија, пристигнувајќи назад во Англија на 12 февруари. По враќањето од Србија, таа била наградена со Орден Свети Сава (трет ред) за водење на една од единиците што се грижеле за ранетите српски војници. "Serbian Decorations for Scottish Women". Dundee Evening Telegraph. No. 12287. 14 April 1916. p. 1. Retrieved 6 November 2018 – via British Newspaper Archive. Весникот Скотсман објавиле опширно интервју со Хачисон во февруари 1916 година, за време на кое таа ги опишала нејзините искуства, вклучително и нејзиното заробеништво од Австријците, кога дел од патувањето на заробениците било во железнички кутии за коњи. За време на нивните два месеци под стража, тие смислиле живи слики, облекувајќи се на пример како кајзерот и императорот Франц Јозеф.

Подоцнежниот живот Хачисон се преселила во Лондон, Англија по крајот на Првата светска војна, каде што таа работела во неколку болници и починала на 79-годишна возраст во 1953 година.McEwen, Yvonne. "10 Scottish Women's Hospital Women" (PDF). Archived from the original (PDF) on 19 March 2018. Retrieved 20 April 2018.

Наводи

Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Починати во 1953 година Категорија:Родени во 1874 година Категорија:Британски докторки