Мики 17 () — научнофантастичен филм на јужнокорејскиот режисер Понг Џун Хо со Роберт Патинсон и Стивен Јун во главните улоги. Објавен бил на 28 февруари 2025 г. во Јужна Кореја. Посебно прикажување на филмот се одржало на 75. берлински меѓународен кинофестивал на 15 февруари 2025 г.
Премиерата на филмот во САД била на 7 март 2025 г., а во Македонија на 6 март истата година.
Содржина Книжевната основа за сценариото на филмот бил научнофантастичниот роман на Едвард Ештон „Мики7“. Главниот лик е Мики Барнс, кој учествува во колонизацијата на ледениот свет Нифлхајм. Тој потпишува договор да стане „вработен што може да се опорави“, што значи дека по смртта неговиот ум е поставен во ново дупликат-тело. По неговата шеста смрт, Мики почнува да ги сфаќа своите разлики од другите вработени. За време на седмата мисија, тој останува жив и привремено ја губи врската со базата, а кога се враќа таму, гледа дека веќе му е создадена замена.
Улоги
|Роберт Патинсон |Мики Барнс |- |Стивен Јун |Тимо |- |Марк Рафало |Кенет Маршал |- |Тони Колет |Илфа |- |Наоми Аки |Наша |- |Холидеј Грејнџер |Џема
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Јужнокорејски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Американски комедии