Евица Георгиевска-Кипра (1921 во Волково Хрватска — 1943 во Куманово) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била тутунска работничка. Пред војната му припаѓала на напредното работничко движење, а во 1941 година била примена за член на КПЈ. Во октомври 1941 година била борец во Првиот кумановски партизански одред. Во судирот на Одредот со бугарската полиција и војска кај селото Белановце, била ранета и уапсена. На 15 октомври 1941 година, затворените борци на Карадачкиот одред се изведени пред бугарскиот Воен суд во Куманово, кој ги осуди на смрт со бесење, а со право на жалба, Евица Георгиевска-Кипра, Благој Думановски-Пецкалија, Бојан Милковски, Коста Јовчевски и Славко Георгиевски, додека Перо Менков и Алириза Јусуфи, како малолетни, биле осудени на 15 години строг затвор. Со залагање на граѓаните на Куманово, на 30 јануари 1942 година, смртната казна на осудените на смрт им е заменета со доживотна робија.Миодраг Арсовски — Болто, „Борбениот пат на Карадачкиот партизански одред“. Со капитулацијата на Бугарија и донела ослободување и можност да се вклучи во изградбата на социјалистичката татковина.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ