Бухурдар — кадилница во облик на метален сад за горење миризливи материјали, исклучиво користен од муслимани. Христијанскиот пандан на овој предмет, кој е скоро ист по форма и облик (освен симболи) се вика кандило.
Опис Предметот бил користен за горење миризливи тврди средства. Има држач-стојка кој се состои од тркалезен кубесто поткренат дел, кој во горниот дел има широк релјефен раб. Оттука почнува тесниот дел на држачот (како цевка) кој продолжува нагоре, а насреде има релјефно подаден круг. Врз него е додаден полутопчестиот подлабок мал тас, што е всушност телото од садот. Кaпaкот лежи на работ и има тркалезна издолжена високо кубеста форма. Врз продолжениот врв на капакот се наоѓа дополнително додаден полумесец, кој, покрај функционалната и естетската намена, ја обележува и конфесионалната припадност на корисниците на садот. Отстрана е рачката. Целиот предмет може да е декориран со мотиви. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 113, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Кандило
Категорија:Метални садови Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ