Душка Спирова (Трајковска) Георгиевска ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била монополска работничка. Делувала во заднината на НОД од март 1942 година во Куманово, како член на СКОЈ. Собирала храна за политичките затвореници и растурала пропаганден материјал. Како монополска работничка учествувала во штрајкот и во сите акции што ги организирала партиската организација во монополот. Во март 1944 година била затворена, но поради немање докази и нејзиното добро држење наскоро била ослободена. Во јуни 1944 година заминала на слободната територија на Козјак и работела во Командно место - Жегљане.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ