Осиромашениот цинк оксид — цинк оксид осиромашен во изотоп на цинк со атомска маса 64 и се користи како инхибитор на корозија во јадрени реактори за вода под притисок.
Осиромашувањето на 64Zn е неопходно, бидејќи овој изотоп се претвара во 65Zn со зафаќање на неутрони. 65Zn со полуживот од 244,26 дена емитира гама-зрачење со 1,115 MeV. 64Zn има природна застапеност од 48,6%, но во осиромашениот цинк оксид е намалено под 1%. Додавањето цинк оксид во примарната водена јамка на реактор за зовриена вода или јадрен реактор за вода под притисок ја намалува корозијата и затоа ја минимизира количината на растворени материјали, особено 60Co.
Изотопската сепарација на цинкот се врши со гасно центрифугирање на диетилцинк.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Изотопи на цинкот Категорија:Цинк оксид Категорија:Јадрени материјали