Бром азид — експлозивно неорганско соединение со формула . На собна температура опишан е како кристал или црвена течност. Тој е многу чувствителен на мали промени на температурата и/или на притисокот, со експлозии кои се случуваат при Δp (промена на притисокот) ≥ 0,05 тора при кристализација, па затоа мора да се внимава при работа со оваа хемикалија.

Подготовка Бром азидот може да се подготви со реакција на натриум азид со . Од оваа реакција се добива бром азид и натриум бромид:

Структура Заради високата чувствителност на бром азидот имало тешкотии во согледувањето на неговата кристална структура. И покрај ова, добиена е кристална структура на бром азид со помош на минијатурна постапка на зонско топење со сосредоточено инфрацрвено ласерско зрачење. За разлика од , кој при кристализацијата образува бескрајна структура слична на ланец, образува спирална структура. Секоја молекула усвојува транс-свиткана структура, која исто така се наоѓа во гасна фаза.

Реакции Бром азидот се додава на алкените и преку јонско и со додавање на слободни радикали, при што секој дава спротивна ориентација во производите. Јонското додавање се јавува стереоспецифично во транс. Тешко е да се работи со реакции кои вклучуваат бром азид, молекулата е многу реактивна и познато е дека лесно експлодира. Ова го прави клучен реагенс во експлозиви. Фотохемиските опити со бром азид откриле дека УВ фотолизата на мал примерок од бром азид резултирала со дисоцијација на целиот примерок, што го прави нестабилен. Слични примероци со молекули на азид не покажале таков ефект. Ова ги покажува нестабилните тенденции на бром азидот со тоа што дури и во присуство на сончева светлина, бром азидот ќе биде реактивна молекула.

Безбедност Мора да се внимава при ракување со бром азидот бидејќи тој е потенцијално отровен и може да експлодира под различни услови. Може да експлодираат и концентрирани раствори во органски растворувачи. Течноста експлодира при допир со арсен, натриум, сребрена фолија или фосфор. Кога се загрева до разградување, испушта многу отровни пареи од бром и експлодира. Количината на соединение што се користи за време на експериментирање треба да се ограничи на 2 mmol. Исто така, претставува можна умерена опасност од пожар во облик на пареа со хемиска реакција. Исто така е моќен оксиданс.

Тој е забранет за транспорт во Соединетите Држави од страна на американското Министерство за транспорт.

Наводи

Категорија:Експлозивни хемикалии Категорија:CS1-одржување: место Категорија:Азиди Категорија:Соединенија на бромот