Менка Данаилова ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија и прва генерација повоени наставници.
Животопис Таа во 1936 година, завршила учителска школа и веднаш почнала со настава во пониските одделенија во училиштето „Кирил и Методиј“ во Велес. По окупацијата на Македонија од Бугарија како и многу нејзини колеги била испратена на преквалификации во Русе од каде се вратила на настава во училиштето во Велес со задача да предава математика на повисоките одделенија. Таа целосно се посветила на воспитување на децата и наоѓала моменти кога им зборувала за татковината, дека Македонците не се Бугари, ни Срби, ниту Грци. Менка им велела дека еден ден и Македонија ќе има своја држава.
Наставничката преку својата работа особено е препозната по ослободувањето на Македонија. Менка се омажила на постари години за Михаил Индов со кого немале пород. Се пензионирала во 1978 година. Мајка ѝ Пандора, (родена 1892 година) била од познатата велешка фамилија Органџиеви.
Менка е сестра на Рахилка Данаилова
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ