Грејс-период — период кој започнува веднаш по истекот на рокот за исполнување на обврската, при што не се наплаќа надоместок за задоцнување и не се преземаат други санкции кои инаку би биле преземени или наплатувани за прекршување на рокот.
Во банкарството грејс-период е период на мирување на отплатата на главницата, односно временски период од почетокот на користењето на кредитот до првата отплата на главницата.
Видови
Деловно работење Некои претпријатија и организации подеднакво се однесуваат кон лицето кое ги исполнува обврските во грејс-периодот значително поинаку од оној што ги исполнува пред предвидениот рок. Според тоа, лице чија обврска е доспеана, но која ја исполнува во грејс-периодот, ќе има ист третман како и лице кое ја исполнува обврската пред крајниот рок за нејзино подмирување, значи без казна или негативен углед.
Во други случаи, клиентите може да добијат делумна, помалку сериозна казна. На пример, многу комунални претпријатија наплаќаат мала провизија на клиентите кои не ја платиле сметката до наведениот рок. Сепак, давателот на комуналните услуги ќе чека подолго време пред да ја прекине услугата.
Некои компании може да суспендираат одредени повластици за време на грејс-периодот. На пример, самите услуги за складирање често нема да наплаќаат казнена такса (камата) во случај киријата да не се плати во рок од неколку дена од крајниот рок за плаќање, но на закупецот на складиштето ќе му биде забранет пристапот во складиштето додека не се плати сметката.
Политика Во политиката, за време на преминот кон нова администрација, грејс-периодот, може да се смета како „почетен период на хармонија и добра волја“.
Предности и недостатоци Грејс-периодите можат да обезбедат одредени предности. На пример, клиентите кои вообичаено ги исполнуваат своите обврски навреме, но поради посебни околности доцнат во ретки прилики, можат да избегнат казна и да го задржат својот углед, со оглед на нивната претходна навременост во исполнувањето на обврските, под услов да ја исполнат обврската во грејс-периодот.
Меѓутоа, оние кои секогаш доцнат со своите обврски може да го сметаат грејс-периодот како прав рок, па ако, поради непредвидени околности, повремено пропуштаат плаќања во тој рок, можат да се жалат на применетата казна.
Кредитни картички Во личните финансии, грејс-период е период во кој не се плаќа камата за користење на кредитна картичка.
Ова е временски период по истекот на рокот за плаќање, во кој надоместокот сè уште може да се плати без наплата на пенали. На пример, задоцнетите плаќања за закупнина не може да се наплатат во првата половина од месецот, ако плаќањето е извршено на први или до 10-ти во месецот.
Поврзано Камата
Наводи
Категорија:Банкарство