Сина Михајлова-Грбиќ Димитриоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.

Животопис Од 26 август 1940 година работела за организирањето на младината во Крушево. Од јули 1941 година станала член на КПЈ. Собирала оружје и облека за партизанските одреди. Многу се залагала околу организирањето на жеиите во Крушево. Во јуни 1942 година станала член на Месниот Комитет на КПМ. Во јули 1942 стапила во партизанскиот одред „Питу Гули“ и ја заземала должноста заменик комесар по исхрана. Во одредот останала до расформирањето на истиот (ноември 1942 година). Потоа заминала во Гостивар и се поврзала со тамопшата организација и продолжила да работи за НОД. Во април 1943 година заминала повторно во партизани, во партизанскиот одред „Кораб“, што по кратко време била фатена од балистите и одведена во Тиранскиот затвор. Во затворот останала до капитулацијата на Италија, септември 1943 година. По успешното бегство од Тиранскиот затвор дошла на слободната територија во западна Македонија и на 11 ноември 1943 година станала борец во Првата македонско-косовска ударна бригада. Со формирањето на Втората македонска ударна бригада преминала да се бори во нејзините единици. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе други одликувања.

Поврзано

Мена Димитриоска

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941