мини| „Историја на цивилизацијата во Полска“ - „Основање на Академијата“. серијал од дванаесет дела на Јан Матејко, 1888 година мини| Колегиум Maius, најстарата зграда на Универзитетот, поглед од ул. Јагелонска мини| Хералдички фриз на зградата на Колегиум Maius, од лево: грбови на епископите од Краков, канцелари на Краковската академија: кардинал Фрајдерик Јагелонски (со кардиналска капа), Станислав Шембек, Казимир Лубиенски, лево од нив: грбот на Хабсбурзите, грбот на Кралството Полска, грбот на Големото Кнежество Литванија, најдолу грбот на Краковската академија. мини|Печат на Краковската академија од 1420 година. Во полето на печатот, свети Станислав со крената десна рака во знак на благослов и држејќи жезло во левата рака, потпрен на штит со орел мини|Дворот на Колегиум Maius Јагелонски универзитет е полски државен универзитет во Краков, всушност тој е и најстариот универзитет во Полска, еден од најстарите универзитети во светот.
Универзитетот бил основан во 1364 година во Краков за време на владеење на кралот Казимир III Велики. Првично се состоел од три факултети : либерални уметности, медицина и право. Јагелонски универзитет бил основан како втор во Средна Европа, по Карловиот универзитет во Прага основан во 1348 година. Реактивиран бил околу 1390 година од Јадвига Анжујска, а официјално обновен во 1400 година од страна на Владислав II Јагело. Благодарение на напорите на Јадвига Анжујска 1397 година бил проширен и дополнително бил отворен теолошкиот факултет. Во 1817 година го добил името „Јагелонски“ за да ги нагласи врските на универзитетот со династијата Јагелонци.
Во 15 и почетокот на 16 век универзитетот во Краков имал голем подем, но во втората половина на 16 век полека почнала негова деградација и ја губел својата позиција. Оваа криза се продлабочила и во 17 и 18 век. Во 1777 година, Хуго Колтај, дејствувајќи како инспектор на Комисијата за национално образование, се обидел да го реформира и подобри научното ниво на универзитетот. Реформата се однесувала на создавање нова организациска структура, воведување предавања за полската литература, природни науки, основање астрономска опсерваторија, ботаничка градина, клиники и првите лаборатории. Полскиот јазик станал главен јазик на наставата, а професорите своето образование го стекнувале во странство во духот на филозофијата на просветителството. Се поголем пристап до образованието добивале и граѓаните.
За времетраење на Слободен Град Краков (1815–1846) Јагелонскиот универзитет одиграл важна улога во политичкиот живот, но ниту нивото на настава ниту бројот на студенти немале значително подобрување. Во првата половина на 19 век, универзитетите во Варшава и Вилнус станале поголеми академски центри од Краков. Допрва во времето кога на Галиција и била доделена автономија во рамките на Австроунгарија во 1867 година, ситуацијата на универзитетот се подобрила, што придонело за динамичен развој на природните и хуманистичките науки и нивните истражувања.
Во 1894 година на жените им било дозволено да студираат на универзитетот, а прва жена предавач/професорка се појавила во 1927 година. Во меѓувоениот период, Јагелонскиот универзитет продолжил со своите активности и бил голем академски центар во Втора Полска Република (1918–1939). Во учебната 1937/38 година на сите универзитетски факултети бил воведен принципот numerus clausus (метод на ограничување на лицата кои се примаат на одредена работа или образование) за студенти од еврејско потекло, а во учебната 1938/39 година ниту едно лице со еврејско потекло не било примено на факултетите за медицина и фармација. Во ноември 1938 година, на Јагелонскиот универзитет било воведено гето клупа, форма на официјална сегрегација на студентите.
На 6 ноември 1939 година, непосредно по избувнувањето на Втората светска војна и окупацијата на Краков, германските окупатори, како дел од акција, уапсиле над сто и четириесет универзитетски професори и асистенти под изговор дека ќе ги носат на предавање, а биле испратени во концентрационен логор. За време на војната (1939–1945) универзитетот бил затворен, но неколку стотици студенти и професори учествувале на т.н. тајни предавања.
Во повоениот период, контролата над универзитетот ја презеле властите на Народна Република Полска, особено Полската обединета работничка партија (поранешен ППР). За време на сталинистичкиот период, доктрината марксизам-ленинизмот била наметната на наставните активности, особено во областа на општествените науки. Во периодот помеѓу 1950–1954 година, од неколку посебни факултети биле основани нови универзитети, меѓу кои: Земјоделскиот универзитет, Академијата за физичко образование и Медицинската академија, а бил укинат Теолошкиот факултет. Ситуацијата се променила во октомври 1956 година, кога универзитетот повторно добил делумна автономија. Во март 1968 година, единиците на МРГМ упаднале во Колегиум Новум на Јагелонскиот универзитет и ги нападнале студентите кои протестирале таму. По трансформацијата во 1989 година, универзитетот почнал да работи под нови услови и ја вратил својата целосна автономија. Во 1993 година Медицинскиот факултет бил вратен во структурите на Јагелонскиот Универзитет.
Во моментов, Јагелонскиот универзитет се состои од тринаесет главни факултети и три факултети на Колегуим Медикум. Во 2016 година на универзитетот биле вработени околу четири илјади предавачи на сите факултети, а студирале над четириесет илјади слушатели: студенти, докторанти и студенти на постдипломски студии. Во 2021 година според рангирањето на високообразовните институции подготвено од месечното списание Перспективи, Јагелонскиот универзитет добил прво место, како најдобра високообразовна институција во Полска.
Универзитетот поседува и користи голем број згради лоцирани во Краков за наставни и истражувачки цели: Кампус I во Стариот град, Кампус II на улицата Крупница и Алеја Тржех Вишчов, Кампус III во Ручај, објекти Колегиум Медикум на улиците Коперника и Шниадецких и бројни други објекти во рамките на градот и надвор од него. Главната универзитетска библиотека е Јагелонската библиотека - една од најголемите библиотеки во Полска. Во најстарата универзитетска зграда се наоѓа Јагелонскиот универзитетски музеј, создаден од Карол Естрајхер. Како единствен универзитет во Полска, Јагелонскиот универзитет е член на многу асоцијации на најпрестижните универзитети во светот, вклучувајќи: Групацијата Коимбра, Европаевм или мрежата на Утрехт.
Историја
Основање на универзитетот Како и другите средновековни универзитети, школата во Краков првично функционирало како studium generale (име за средновековен универзитет во средновековна Европа). Основан е по иницијатива на кралот Казимир III Велики на 12 мај 1364 година и бил втор во овој дел на Европа, по Карловиот Универзитет(1348). Всушност, универзитетот ја започнал својата активност дури во 1367 година, водејќи предавања на три факултети : либерални уметности (1 оддел), медицина (2 катедра) и право (8 катедри, вклучувајќи 5 римско право ). Универзитетот бил создаден, според пример на италијанските универзитети (особено Болоњскиот универзитет ), тесно поврзан со државата, со водечка позиција на двата правни факултети и без теолошки факултет (за разлика од Универзитетот во Прага, по моделот на Сорбона, кој подлежел под црквата). Внатрешната структура се засновала на студентско самоуправување, независно од црковното влијание. За прв пат во историјата, студентите по право имале можност да поминат еден вид пракса во судовите, по нивните студии. На Краковскиот Факултетот за уметности дипломирале само 6 студенти. Претстојната смрт на кралот во 1370 година и незаинтересираноста од страна на Лајош Анжујски довеле до прекин на фукционирањето на универзитетот. Од научните достигнувања од времето на Казимир Велики, зачувани се три кодекси, вклучувајќи: од 1367 година (колофон : in castro Cracoviensi seu in universitate studii ) и од 1369 година (колофон: per manus cuisdam studentis ).
Во 1390 година повторно бил активиран, а во 1391 година ја продолжила својата настава благодарение на личните напори на кралицата Јадвига Анжујска и влијание во папскиот двор. Во тестаментот, кралицата го подарила своето лично богатство на универзитетот во Краков. Со тоа се овозможило универзитетот да биде обновен во целосна форма во 1400 година, со четири факултети типични за средновековните универзитети. Од нив, најважен бил Теолошкиот факултет, што претставувал и највисока форма на научната кариера на секој професор. Овој факултет бил основан додека Јадвига сè уште била жива. Во 1397 година кралицата добила папска була од папата Бонифациј IX, што овозможило создавање на оваа школа. Јагелонскиот универзитет бил првиот универзитет во Европа кој имал независни катедри по математика и астрономија кои биле основани во 1406 година.
Универзитетот бил црковна и свештеничка институција, надгледувана од епископот на Краков, како канцелар на Светата столица. Но од друга страна, имал и правен субјект со своја самоуправа со право за управување на својот имот и сопствено судство во рацете на ректорот.
Подем на академијата во Краков Во 15-тиот и почетокот на 16-тиот век следел период на просперитет на универзитетот во Краков. Предавања посетували дури и стиденти од странство. Во тоа време ректори на универзитетот биле Станислав од Скарбимиерц и Павел Влодкович. Особено популарни станале факултетите по математика и астрологија. На овој универзитет студирал и Никола Коперник, како и многу подоцнежни западноевропски професори. Краков бил исто така важен научен центар на алхемиските науки, на кои предавале професори по медицина.
Големата реформа на главната школа на кралството Првите реформи се појавиле кон средината на 18 век. Универзитетите во тоа време требало да станат високи стручни училишта. Меѓу другото, биле воведени: систематско предавање на германски и француски јазик, предавања за полско право, географија и воено инженерство. Во 1748 година беше формирана катедра по природно право. Сепак, напорите да се доведат предавачи од странство во Краков, не вродиле со успех.
Јозеф Алојзи Путанович го развил Организација на студиите на Филозофскиот факултет, врз основа на кој е основана катедрата за еклектичка филозофија, благодарение на која, покрај схоластиката, предавана била и филозофијата на Декарт, Лајбниц, како и тогаш заборавените Коперник и Галилеј.
Путанович исто така ја реформирал наставата по предметите математика и физика, поделувајќи ги во четири класи :
Класа I Класа II Класа III Класа IV аритметика теоретска геометрија рамна и сферична тригонометријаалгебра механика статика хидростатика водовод Аерометрија оптика перспектива катоптрика диоптрија астрономија географија хидрографија хронологија гномичен цивилна и воена архитектура Во периодот на 1775-1792 година универзитетот активно учествувал во реформите спроведени од Комисијата за национално образование. Универзитетската печатница се занимавала со издавање на голем број учебници за основно образование подготвени од Друштвото за основни книги, вклучувајќи го полскиот буквар, напишан за црковните училишта првично. По неговото општо прифаќањето на овој буквар, бил испечатен од страна на универзитетот во Краков, а примероци по симболична цена биле испратени до училиштата низ Полско-литванската Државна Заедница .
Реформите го опфатиле и самиот универзитет. Во 1777 година, Хуго Колтај се обидел да ја реформира академијата врз основа на проектот За воведување добри науки во Академијата во Краков и основање на Семинари за наставници од провинциските училишта. Овој проект го променил називот на универзитетот во Atheneum Augusti и бил поделен на пет факултети (академии)
Академија на уметности, Академија за филозофија, Медицинска академија, Правна академија, Теолошка академија.
Колтај завршил настава по схоластичка филозофија на Академијата за филозофија. Курсевите кои се одржувале на универзитетот траеле една година, а услов за запишување било завршување на регионално училиште.
Период на окупација