мини| Јажарски прибор и производи. Музеј Семберија во Бијелиња. Јажар, ортомар или ортомџија — мајстор занаетчија кој произведува јажиња, долги и силни врвки создадени со усукување меѓусебно поврзани нишки. Од јажињата изработувале водила, врзми, огламници, пајвани, папрази, потпашници и др.
Историја Во минатото, јажарите биле меѓу водечките занаетчии. Најчесто произведените јажиња биле за употреба во сточарството.
Јажињата порано се правеле исклучиво од природни материјали, коноп, лен и памук, но денес исклучиво од синтетика и пластика. Јажињата тогаш биле сивкави и еднолични, но денес корисниците можат да избираат јажиња во различни бои.
Алатки и прибор Во својата работа, јажарот користи:
суровини од кои се прават јажиња: коноп, лен, пластика... нож, ножици јажарско колце држач прицврстување на нишките кука
Поврзано Јаже
Наводи
Категорија:Занаети