граничник|десно|безрамка

Брдарскиот занает се занаетчии кои рачно прават ткајачки брда, тие се еден од елементите на разбојот.

Во историјата на балканските народи и Македонија најчесто употребуван за ткаење бил хоризонталниот разбој. Иако меѓу народите се забележани повеќе варијанти на неговата конструктивна форма, сепак може да се каже дека најчесто употребуван бил разбој со дрвена конструкција во облик на паралелограм. На изработката на ткаенини на хоризонтален разбој му претходела подготовка на материјалите за ткаење: сновање, намотување и внесување на основата конците во нити и во брдата.

Брдо е дел од разбојот за ткаење низ кој се воведува основата, во одредена густина и редослед. Се користи за раздвојување и оставање проред меѓу нишките на основата, да го води движењето на совалката низ разбојот и да го натиснува јатокот на своето место. Бројот на брда е број кој покажува колку забци има на 1 см. Воведувањето на основните жици започнува од левата страна на вратилото. На разбојот непосредно до нитите во насока на ткајачката се наоѓаат т.н. „брдата“ или „набрдилa“. Брдата може да се менуваат во брдилата така што се овозможува со еден ист разбој да се ткаат различни видови ткаенини

Историски, брдата се правеле од трска или други растенија со слични особености. Брдарските занаетчии ги изработувале брдата од две паралелни дрвени прачки поврзани со повеќе стапчиња од трска кои се поставувале меѓу дрвените прачки а меѓу две половини од кружните дрвени прачки стапчињата биле севкупно зацврстувани со насмолена врвца.

мини| Разбој

Се користи и денес во ткајачките работилници.

Галерија

Поврзано Брдо (ткаење) Разбој Жакаров разбој

Наводи

Надворешни врски Продолжува традицијата за ткаење на разбој Разбојот повторно ткае во Скопје

Категорија:Занаети Категорија:Разбој Категорија:Ткајачка опрема Категорија:Ткаење