мини| Статуа на Маја во Гранада Марио Маја (1937 — 27 септември 2008) — шпански фламенко-танчар што го водел Андалусиското танцово друштво во Андалусискиот танцов центар.
Животопис Марио Маја е роден е во Кордоба во 1937 година во ромско семејство, но израснал во Сакромонте во Гранада.
Тој основал свое училиште за фламенко во Севиља во 1983 година и десет години подоцна го претставил своето ново танцово друштво „Фламенко Марио Маја“ во театарот „Алкала Палас“ во Мадрид. Помеѓу 1994 и 1997 година тој го водел Андалусиското танцово друштво во Андалусискиот танцов центар.
Учествувал во филмот „Фламенко" на Карлос Саура од 1995 година. Некои од неговите најважни дела се: Ceremonial (1974), Camelamos Naquerar (1976), ¡Ay Jondo! (1977), El Amargo (1986), El Amor Brujo (1987) и Réquiem (1994).
Маја починал од рак во Севиља на 27 септември 2008 година.
Наводи
Категорија:Шпански Роми Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Родени во 1937 година