Нуши Тулиу (, ; Авдела, 23 април 1872 — Букурешт, 8 април 1941) — влашки поет и просветител од Егејска Македонија, еден од најраните дејци на влашкото просветителство и литература.Crispedia Автор на првиот и единствен новел на влашки јазик.Cuvata, Dina. Scriitori armãneshtsã, Scopia 2001, p. 54 – 55.
Животопис лево|мини|245x245пкс|Корица на стихозбирката „Песни“ (Poezii) Роден е во влашко семејство во селото Авдела, родното место на браќата Манаки. Во тоа време селото било дел од Битолскиот Вилает на Отоманското Царство, денес е во Егејска Македонија. Започнал со неговото образование во Клеисура, а потоа се преселил во Битола за да се образува во Романската гимназија во Битола. Тулиу после тоа се запишал литературан факултет под склоп на Букурешкиот универзитет во Романија, каде што дипломирал романска историја и јазик. Две години учел во правен факултет, но не дипломирал. Во 1905 година бил испратен на Универзитетот во Лајпциг за да го подготвил својот докторат по историја. Додека бил студент, Тулиу предавал во романската гимназија во Јанина, а потоа и во Романија. Од 1929 година до неговото пензионирање во 1937 година, бил учител во Букурешт. Од 1908 до 1912 година бил училишен инспектор во Македонија.Aurel Sasu (ed.), Dicționarul biografic al literaturii române, vol. II, p. 737. Pitești: Editura Paralela 45, 2006.
Првото објавено дело на Тулиу било во вид на статија од 1894 година во Букурешкото списание Peninsula balcanică. Последователно, тој придонесувал за други романски периодични списанија, вклучувајќи ги Albumul macedo-român, Cele trei Crișuri, Conservatorul, Dunărea, Flamura, Grai bun, Lilicea Pindului, Ordinea, Propilee literare, Românul de la Pindului, Țara noastră и Universul. Од ноември 1898 до септември 1899 година, тој бил сопственик и главен уредник на влашкиот магазин Пиндул користејќи сопствени средства; списанието содржило песни и проза на влашки јазик. Тој го водел букурешкиот весник Ecoul Macedoniei и таму го објавил делото Murmintî fîră cruți (1903), кој е опишан во Dicționarul biografic al literaturii române („Биографскиот речник на романската литература“; 2006 година), уреден од романскиот книжевен критичар Аурал Сасу, како единствен роман во литературата на влашки јазик.
Наводи
Надворешни врски
Стихозбирката „Песни“ во влашки јазик
Категорија:Луѓе од Авдела Категорија:Романски поети Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Починати во Букурешт Категорија:Македонски Власи Категорија:Влашки поети