Петар Припорски, роден Петар Андов Припорски (Долно Чичево, 24 август 1924 — Гнилане, 24 декември 1944) — македонски партизан и борец од Осмата македонска ударна бригада, деец на Комунистичката партија на Македонија и Југославија. Припорски загинал во раните фази на Сремскиот фронт за време на крвавата борба кај Гнилане.
Животопис Роден е во село Долно Чичево, Велешко. Произлегол од средно земјоделско семејство. За неговото основно образование тој се школувал во селското училиште, после тоа работел како земјоделец заедно со неговото семејство. Неговите револуционерни активности почнале покрај раниот период на завршните операции за ослободување на Вардарска Македонија. Припорски истовремено се приклучил воКомунистичката партија на Македонија и Југославија. Во септември 1944 година се приклучил во Осмата македонска ударна бригада и учествувал во нејзиното борбено крштевање кај месноста Раштински Колиби.
Учествувал во нападот на германските сили покрај железничката пруга Велес - Скопје. Во октомври 1944 година учествувал во ослободувањето на селата Грчец, Горно Нерези, Крушопек и Карлијак. Припорски учествувал во тешки борби против германските нацисти и фашистичките балисти. По наредба од ГШ на НОВ и ПОМ Осмата македонска ударна бригада се преместила во Сува Гора. Во ноември истата година Припорски повторно се вратил во велешкиот терен и во 9 ноември 1944 година учествувал во битката за конечното ослободување на Велес. После борбата Осмата македонска бригада се присоединела кон 42 македонска југословенска дивизија и учествувал во битката за ослободувањето на Скопје.
После конечното ослободување на Македонија Припорски учествувал во Сремскиот фронт за ослободувањето на Југославија. Се борел против балистите во Косово. При воените дејства Припорски се борел против фашистичките сили во градот Гнилане. За време на борбата кај Гнилане Припорски загинал, не е познато каде е погребан.
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Луѓе од Долно Чичево Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во Гнилане Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Учесници во НОБ