Барутчиски занает — производство на барут и шалитра.
Историјат мини|318x318пкс|Паласка за барут, Скопје, XIX век, техника на ковање, сребро - НУ Музеј на Македонија Барутот е првиот произведен експлозив. Популарно се наведува како еден од „Четирите големи пронајдоци“ на Кина, а бил измислен за време на доцната династија Танг во 9 век, додека најраната забележана хемиска формула за барут датира од династијата Сонг од 11 век. Знаењето за барутот брзо се раширило низ Азија и Европа, веројатно како резултат на монголските освојувања во текот на 13 век, при што пишаните формули за него се појавиле на Блискиот Исток помеѓу 1240 и 1280 година во трактат на Хасан ал-Рама, и во Европа во 1267 година. Бил користен при војување од 10 век за оружје како што се огнените стрели, бомби и копје пред да се појави пиштолот во 13 век. Додека огненото копје на крајот било заменето со пиштолот, други оружја кои користеле барут, како што се ракетите и огнените стрели, продолжиле да се користат во Кина, Кореја, Индија, што тоа на крајот довело до нивна употреба на Блискиот Исток, Европа и Африка. Бомбите никогаш не престанале да се произведуваат, а во денешно време се произведуваат како гранати, мини и други експлозивни средства. Барутот се користел и за невоени цели, како што се огномет за забави, или во експлозиви за рудници и тунели.
Употребата на барут во војување во текот на 19 век била намалена поради пронаоѓањето на бездимен барут.
Историјат во Македонија Производството на шалитра и барут било донесено во Македонија од Турците околу 15 век. Во овој период, ова главно бил занает на 50-60 семејства од ромско потекло, но има турски документи од 1834 година во кои се споменуваат неколку христијански семејства кои се занимавале со обој занает.
Начин на изработка Барутчиите ја испитувале земјата во која имало шалитра, ја копале и во вреќи ја носеле до колибите. Потоа во специјални кошови ја гмечеле и од неа истекувала течност со земја што содржела шалитра и други алкални состојки. При тоа во кошовите ставале вода за да се претвори земјата во кал која се филтрирала во специјални легени. Кошовите биле обложени со слама од ’рж која служела како филтер. На обој начин добивале зеленкаста матна течност што ја ставале во казани, каде течноста се загревала цел ден. По тоа вишокот вода се истурал а талогот со бела боја налик на сол, се собирал во вреќи, и се носел во Кал-хан.
Производството на шалитра веројатно било на државна сметка, на што укажува тоа што во Скопје задолжително седел барит-хан назир каде што се предавала шалитрата која се исрпаќала во барутаната Азатлу. Постоел посебен ферман на Селим III до румелискиот валија и до кадиите од Штип, Велес, Скопје, и други места, во кој се зборува за привилегиите при производството на шалитра, од 28 февруари 1804 година.Турски документи за македонската историја, 1803-1808, кн. 2, Скопје 1953, стр. 45-46
Поврзано Оружарски занает Пушкарски занает Барут
Наводи
Категорија:Занаети