Човековите права во Латвија генерално се почитуваат од владата, според американскиот Стејт департмент и Фридом Хаус. Латвија е рангирана натпросечно меѓу суверените држави во светот во однос на демократијата, слободата на печатот, приватноста и човечкиот развој. Земјата има релативно голема етничка руска заедница, која има основни права загарантирани со уставот и меѓународните закони за човекови права ратификувани од латвиската влада.
Сепак, организациите за човекови права пријавиле повеќе проблеми. Значителен број од недржавјаните - вклучително и лицата без државјанство - страдаат од ограничен или непостоечки пристап до широк опсег на права. Исто така, имало проблеми со полициска злоупотреба на притвореници и уапсени, лоши затворски услови и пренатрупаност, судска корупција, дискриминација на жените, инциденти на насилство врз етничките малцинства и општествено насилство и инциденти на владина дискриминација против хомосексуалците.
Во март 2020 година, Латвија отстапила од некои од своите обврски според ЕКЧПNote verbale и МПГПП,Depositary Notification повикувајќи се на појавата на KОВИД-19.
Латвија во меѓународниот систем за човекови права До крајот на 2019 година, Европскиот суд за човекови права донел 144 пресуди во случаи против Латвија (почнувајќи од 2001 година); во 115 случаи констатирала повреда на Европската конвенција за човекови права или нејзините протоколи.Violations by Article and by State - 1959-2019
Комитетот за човекови права на ОН усвоил ставови во три случаи кои ја вклучувале Латвија, почнувајќи од 2020 година, а во два случаи утврдил повреда на МПГПП (Раихман против Латвија и Игнатан против Латвија). Во 2001 година, Латвија упатила постојана покана за специјалните процедури на Советот за човекови права на ОН.Countries having extended a standing invitation to Special Procedures Во 1990 година, Латвија пристапила кон УДЧП во нетипичен потег, што во јуриспруденцијата се сфаќа како прифаќање на декларацијата како обврзувачка.Burbergs M., Kučs A. Vispārējai cilvēktiesību deklarācijai – 60 // Jurista vārds, 23.12.2008.
Учество во договори за основните човекови права Основни договори на ОНУчество на ЛатвијаОсновни договори на ОНУчество на ЛатвијаКонвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминацијаПристап во 1992, декларацијата која дозволува индивидуални жалби не е направенаЕвропска конвенција за човекови праваРатификувана во 1997Меѓународен пакт за граѓански и политички праваПристап во 1992Протокол 1 (ECHR)Ратификуван во 1997Прв факултативен протокол (ICCPR)Пристап во 1994Протокол 4 (ECHR)Ратификуван во 1997Втор факултативен протокол (ICCPR)Пристап во 2013Протокол 6 (ECHR)Ратификуван во 1999Меѓународен пакт за економски, социјални и културни праваПристап во 1992Протокол 7 (ECHR)Ратификуван во 1997Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз женитеПристап во 1992Протокол 12 (ECHR)Потпишана во 2000Факултативен протокол (CEDAW)Непотпишан Протокол 13 (ECHR)Ратификуван во 2012Конвенцијата на Обединетите нации против тортураПристап во 1992, декларацијата која дозволува индивидуални жалби не е направенаЕвропската социјална повелбаРатификувана во 2002Факултативен протокол (CAT)НепотпишанДополнителен протокол од 1988 (ESC)Потпишана во 1997Конвенција за правата на дететоПристап во 1992Дополнителен протокол од 1995 (ESC)НепотпишанаФакултативен протокол за децата вклучени во вооружени конфликти (CRC)Ратификуван во 2005Ревидирана европска социјална повелбаРатификуван во 2013Факултативен протокол за продажбата на деца, детска проституција и детска порнографија (CRC)Ратификуван во 2006Европската конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнувањеРатификуван во 1998Конвенцијата за заштита на правата на сите работници мигранти и членови на нивните семејстваНепотпишана Европска повелба за регионални и малцински јазициНепотпишанаКонвенција за правата на лицата со попреченостРатификувана во 2010Рамковна конвенција за заштита на националните малцинстваРатификувана во 2005Факултативен протокол (CRPD)Ратификуван во 2010Конвенција за акција против трговија со луѓе Ратификуван во 2008
Најнови објавени документи во постапките за известување Експертско телоДржавен извештајДокумент од експертско телоДржаврн одговорКомитет за човекови права20122014Комисија за економски, социјални и културни права200?2021.Комисија за елиминација на расна дискриминација20172018.Комисија против тортура 20182019.Комисија за правата на детето2016.Комитет за елиминација на дискриминација врз жените20182020.Европски комитет за социјални права 20202020.Комитет за превенција на тортура не е предвиден20162017Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства201620182014Европската комисија против расизам и нетолеранцијане е предвиден20182019
Извештаи на организации за човекови права
Амнести Интернешнел Според Амнести интернешенел, лицата кои не се државјани - вклучувајќи ги и лицата без државјанство - страдаат од ограничен или непостоечки пристап до широк опсег на права, вклучително и правото на учество во политичките процеси и правото на вработување во државната служба и приватниот сектор. Мнозинството од овие лица се родени или речиси цел живот живееле во Латвија. Неграѓаните, исто така, трпат ограничувања во поглед сопственоста на имот.
Амнести Интернешнел објавил извештај за повеќе случаи на расно мотивирани напади врз Ромите. Во Латвија не постои сеопфатно национално законодавство кое се занимава со сите форми на дискриминација. Хомосексуалците во земјата се соочуваат со дискриминација и вербални напади. Исто така, постојат пројави за и физичко малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персонал.
Хјуман рајтс воч Хјуман рајтс воч објавил во 2006 година за нападите врз мирните хомосексуални активисти на Маршот на гордоста во Рига на 28 јули. Претходно, Градскиот совет на Рига ја одбил апликацијата на нивните организации за „Рига Прајд 2006“. Забранетиот марш бил цел на толпи хомофобични демонстранти. Во 2009 година маршот бил одобрен од Управниот суд во Рига.Gays Without Borders: Baltic Pride Saved After Court Lifts Council Ban
Фридом Хаус Според Фридом Хаус, Латвија има широки граѓански слободи. Исто така, политичките права се на високо ниво, иако земјата претрпела корупциски скандали од висок профил во текот на 2007 година. Владата генерално ја почитува слободата на говорот, слободата на печатот и слободата на вероисповед. Академската слобода се почитува во законот и во практиката. Слободата на собирање и здружување се заштитени со закон и во пракса. Високо конкурентните латвиски медиуми се покажуваат како доверливи извори на информации и чувари против владините злоупотреби на моќ.
Иако генерално се почитува уставната гаранција за независност на судството, корупцијата во судскиот систем и системот за спроведување на законот продолжува да биде проблем. Притворите се долги, полицијата употребува прекумерна сила врз притворениците, а затворите страдаат од пренатрупаност и несоодветна медицинска нега. Жените ги уживаат истите законски права како и мажите, но често се соочуваат со дискриминација при вработување.
Продолжува да се дебатира за наводната дискриминација што ја трпе рускојазичната заедница. Парламентот назначил омбудсман одговорен за заштита на правата на поединците во однос на владата. Двајца мажи биле осудени на затворски казни во јануари 2007 година за напад на државјанин на Руанда. Случајот ја означил првата казна според законот со кој се забранува поттикнување расна омраза.
Стејт департментот на САД Според Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Латвија генерално ги почитува човековите права на граѓаните и на неграѓанините. Сепак, имало случаи на сериозна полициска злоупотреба на притвореници и уапсени, лоши услови во полициските установи за притвор, лоши затворски услови и пренатрупаност, судска корупција, пречки за правична постапка, официјален притисок за ограничување на слободата на говорот, насилство врз жените, злоупотреба на деца, трговија со луѓе, инциденти на насилство врз етничките малцинства и инциденти на насилство врз хомосексуалците од власта.
Специфични проблеми во Латвија По обновувањето на независноста во 1991 година, оние кои самите или чии предци не биле државјани на Латвија пред нејзината советска окупација во 1940 година, не добиле автоматски државјанство. Од јануари 2011 година, неграѓаните надминуваат 14% од населението. Рускиот јазик, кој е мајчин јазик на повеќе од 37% од жителите според пописот од 2000 година, се смета за странски јазик во Законот за службен јазик; можностите за негово користење во комуникацијата со властите и во јавното образование биле значително намалени по 1991 година.
Како и во многу постсоцијалистички земји, враќањето на недвижностите од страна на државата се случи и во Латвија. Како резултат, значителен дел од поранешните станари на јавни станови се нашле во приватни станови со повисока кирија. Контролата за изнајмување на такви живеалишта, по повеќекратните одложувања, биле укината во 2007 година.
Од 2003 година, често има конфликти во врска со слободата на собирање: собири на ЛГБТ лица и контра-состаноци,Jaunupu sauc pie atbildības, Ulmi – ne состаноци за Денот на сеќавање на летонските легионери и контра-состаноци, состаноци на Главниот штаб за заштита на руските училишта,Cilvēktiesības Latvijā 2004. g.—Rīga: LCESC, 2005. .—34.—35. lpp. биле забранети или ограничени во различни прилики.
Ограничувањата на подобноста и нивното извршување биле во фокусот на неколку пресуди на ЕСЧП во случаите против Латвија (Адамсонс против Латвија, Жданока против Латвија, Подколзина против Латвија) и ставовите на Комитетот за човекови права на ОН во случајот Игнатан против Латвија.
Економски, социјални и културни права во бројки На локалните избори во 2009 година, 79,7% од избраните советници ја посочиле својата етничка припадност како етнички Летонци, а 65,5% биле мажи.Choose table PR10. ELECTED LOCAL GOVERNMENT MEMBERS OF THE REPUBLIC OF LATVIA BY AGE, SEX, ETHNICITY AND EDUCATION QUALIFICATION The Central Statistics Bureau of Latvia website На парламентарните избори во 2014 година, 81 од 100 избрани пратеници биле мажи, 71 ја посочиле нивната етничка припадност како етнички Летонци.Statistical data on MPs elected in 2014 Во споредба, на почетокот од 2010 година, етничките Летонци биле 59,4% од населението (и 71,8% меѓу граѓаните),Population of Latvia by ethnicity and by nationality, 01.01.2010 а жените биле 53,9% од населението.Choose table IE03 POPULATION BY SEX AT THE BEGINNING OF THE YEAR Central Statistical Bureau of Latvia website
Од јануари 2021 година минималната месечна плата била 500 евра, а минималната старосна пензија била 149,6 евра.Izmaiņas sociālajā jomā 2021. gadā Ministry of Welfare
Просечната пресметана старосна пензија во октомври 2020 година изнесувала 403,41 евра.«Pensiju (pabalstu) vidējais piešķirtais apmērs pa mēnešiem», Sociālā apdrošināšana, 2019 Просечната нето плата во 2019 година била 793 евра (варирајќи од 565 евра во Латгале до 883 евра во Рига).DSG050. Average monthly wages and salaries by statistical region
Стапката на невработеност на крајот од ноември 2020 година била 7,4% според Државната агенција за вработување, при што варирала помеѓу 5,7% во регионот Рига и 15,1% во Латгале.Bezdarba statistika Етничките малцинства и лицата кои не укажуваат на етничката припадност сочинувале 45,5% од невработените на крајот на декември 2014 година.See 2. Bezdarbnieka statistiskais portrets
Очекуваниот животен век при раѓање бил проценет на 75,4 години во 2020 година.Latvia //The World Factbook Во 2011 година имало 6,3 амбулантски посети на лекари по глава на жител, 58,8 болнички кревети и 39,1 лекар на 10 000 жители.