„Поход на сончогледите“ се кратки сценски и куклени игри напишани од македонскиот писател Ристо Давчевски. Преку ова дело се гледа највистинското лице на авторот. Има четириесетина игри каде дефилираат трипати ако не и повеќе јунаци од детскиот свет. Во поголем број случаи тоа се деца, нивни блиски, наставници, но во некои се јавуваат и животните -кукли. Спектарот на теми е богат, како и самиот живот. Тука се прикажува детското секојдневие, училиштето, природата, еколошките теми се исто така чести, но и мотиви од народното творештво. Секој одделен скеч или игра има своја посебна носивост, кажува приказна и од неа читателот/ гледачот извлекува порака. Давчевски одбира одделни, карактеристични случки и настани, па и личности од секојдневниот живот и ги облагородува со својата продуховена мисла и едноставен стил. Во овие игри реалното се меша со фантастичното, смешното со сериозното, убавото со грдото. Конфликтите секогаш имаат ведар епилог, по вкус и мерка на оние за кои се наменети игрите. Хуморот, благата и ненавредлива иронија и осилото на сатирата се чести компоненти во сите драмски игри на овој автор. За себе Давчевски вели: „ Ја употребувам ткајачницата на фантазијата за што поубаво да ја исткајам приказната за светот на детскиот идеал.“Дворец на опачини, Ристо Давчевски, 1995,Матица македонска, предговор Видое Подгорец,стр.5-19
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — Поход на сончогледите · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.