Астрафобијата, позната и како астрапофобија, бронтофобија, кераунофобија или тонитрофобија, е абнормален страв од гром и молња или неоправдан страв од расфрлани и/или изолирани грмотевици, еден вид специфична фобија. Тоа претставува фобија која може да се лекува, а можат да ја развијат и луѓето и животните. Терминот астрафобија е составен од грчките зборови ἀστραπή (astrape; молња) и φόβος (phobos; страв).
Третман Најшироко користен и можеби најефективниот третман за астрафобија е изложувањето на молња и на крај градење на имунитет. Некои други методи на лекување вклучуваат когнитивна бихејвиорална терапија (CBT)Fritscher, Lisa - Astraphobia - Fear of Thunder and Lightning . 30 Apr. 2011. About.com. Retrieved on 30 June 2014. и дијалектичка бихејвиорална терапија (DBT). Пациентот во многу случаи ќе добие инструкции да повторува одредени фрази за смирување за време на бура. Вежбите за длабоко дишење можат да го зајакнат овој напор.
Кај животни Кучињата можат да покажат силна вознемиреност за време на молња; се засегнати помеѓу 15 и 30 проценти од кучињата. Истражувањата потврдуваат дека високите нивоа на кортизол - хормон поврзан со стресот - влијае на кучињата за време на и по грмотевици. Третманите вклучуваат бихејвиорални терапии, како што се контратренирање и десензибилизација, лекови против анксиозност и феромон за смирување на кучињата, синтетички аналог на хормонот кој се лачи од доилките на кучињата после породување.
Истражувањата покажуваат дека и мачките можат да ја имаат оваа фобија. Иако е поретко, некои мачки се кријат под маса или зад кауч за време на невреме со молња.
Поврзано Лилапсофобија Список на фобии
Наводи
Категорија:Молња