Наградата на Европската Унија за литература (EUPL), востановена во 2009 година, е книжевна награда на Европската Унија. Целта на наградата е да препознае извонредни нови книжевни таленти од цела Европа, да го промовира преводот на литературата меѓу европските земји и да ја истакне креативноста и разновидноста на континентот.

За наградата Наградате е финансирана од програмата „Креативна Европа“, рамковната програма на Европската комисија за поддршка на културниот и аудиовизуелниот сектор. Наградата ја организираат група здруженија составени од Европскиот совет на писатели, Федерацијата на европски издавачи и Европската и меѓународната федерација на книжари, со поддршка од Европската комисија. Конзорциумот на Наградата на Европската Унија за литература е одговорен за формирање на национални жирија и практична организација на церемонијата при доделување на наградите. Лауреатите добиваат поддршка во нивната промоција низ Европа и пошироко, преку интернет, во книжарниците и на саемите на книгата.

Почетен формат Секоја година, третина од земјите учеснички во програмата „Креативна Европа“ формираат национални жирија составени од експерти од областите на литературата, издаваштвото и продажбата на книги. Откако ќе се одлучат за потесен список од 2 до 5 книги од најперспективните писатели од нивната земја, секое жири го избира својот национален победник. Сите земји учеснички се претставени секоја трета година, при што наградата се доделува по земја. Тековниот список на земји учеснички вклучува:

28-те земји-членки на Европската Унија (од 2013 година) Трите земји од ЕЕА : Исланд, Лихтенштајн и Норвешка Земјите кандидати и потенцијални кандидати за пристапување во ЕУ: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Земји од Европската соседска политика: Ерменија, Грузија, Молдавија, Тунис и Украина

Ревидиран формат Во 2022 година, Европската комисија објавила неколку промени во структурата на наградата, посочувајќи дека отсега, националните организации ќе направат почетен избор на книги, номинирајќи по една книга, и дека вториот круг на селекција спроведен од европско жири од седум члена ќе избере еден победник и пет специјални споменувања за наградата.

Како одговор на овие промени, Европскиот совет на писатели објавил дека ќе го повлече учеството во наградата, наведувајќи дека новиот формат „не промовира повеќејазичност“.

Награда Секој лауреат добива 5.000 евра, а на неговата наградена книга ѝ се дава поддршка за превод, како и за промоција. Секоја година се објавува и антологија на Наградата на Европската Унија за литература, со извадоци од сите наградени книги на лауреатите, и на оригиналниот јазик и со англиски или француски превод.

Победници од Македонија Во 2010 романот на Гоце Смилевски, Сестрата на Сигмунд Фројд бил дел од победниците, во 2013 Лидија Димковска со Резерви Животи, во 2016 Ненад Јолдески со Секој со своето езеро, во 2018 Лидија Димковска со Кога заминав од „Карл Либкнехт“, во 2020 Петар Андоновски со Страв од варвари.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Европска Унија Категорија:Книжевни награди