Женски кошаркарски клуб Млади Крајишник, познат и као ЖКК Млади Крајишник (српски: Женски кошаркашки клуб Млади Крајишник / Ženski košarkaški klub Mladi Krajišnik), је професионален женски кошаркарски клуб со седиште во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Основан је во 1963 година, а веќе во 1964 година започнал да се натпреварува во Првата југословенска лига. Домашните натпревари ги игра во Спортската сала Обилиќево, со капацитет од 800 гледачи. Се смета за најуспешниот клуб во Република Српска и моментално се натпреварува во Првенството на Босна и Херцеговина. Прекарот на клубот е Малите (Малене), а негов спонзор е Меридијанбет.
Во клупската витрина се наоѓаат 19 куп-трофеи и девет титули шампион на Република Српска, како и четири шампионски титули и четири Купа на Босна и Херцеговина. Клубот двапати, во 1996 и 1997 година, бил прогласен за најдобар спортски клуб во Република Српска, а шест пати бил избран за најдобар тим во Бања Лука. Во однос на меѓународните натпреварувања, клубот учествувал во Ронкети купот, Еврокупот, како и во Женската Јадранска лига (WABA).
Историја
Клубот ЖКК Млади Крајишник е основан на 25 мај 1963 година. Следната година, клубот се приклучил на Првата лига на Југославија, од која испаднал три пати до 1972 година. Помеѓу 1974 и 1991 година, клубот континуирано се натпреварувал во Првата лига на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Потоа, помеѓу 1992 и 1995 година, учествувал во Првата лига на Сојузна Република Југославија, од која испаднал во Првата лига Б истата година. Во 1997 година, се вратил во Првата лига, а истата сезона го освоил второто место на првенството на Југославија. Клубот се натпреварувал во југословенското првенство до 1999 година. ЖКК Млади Крајишник е единствениот клуб, освен Црвена Звезда, кој го задржал својот статус во Првата југословенска лига толку долго време.
Од 1993 година, ЖКК Млади Крајишник учествува во Првенството на Република Српска, каде што доминирал со девет последователни титули. Почнувајќи од сезоната 1999-2000, клубот започнал да се натпреварува во Заедничкото првенство на Босна и Херцеговина, станувајќи шампион во својата дебитантска година. Во следните децении, се етаблирал како една од најуспешните институции за женска кошарка во земјата, освојувајќи вкупно 35 трофеи за 25 години.
Имиња 1964-1985 Млади крајишник 1985-1988 Крајина ауто Млади Крајишник 1988-1992 Крајина ауто 1997-1998 Порт Млади Крајишник
Трофеи и титули Првенство на Сојузна Република Југославија вицешампион (1): 1997-1998 Првенство на Босна и Херцеговина шампион (4): 1999-2000, 2000-2001, 2010-2011, 2012-2013 Куп на Босна и Херцеговина шампион (4): 2000, 2007, 2008, 2012 Првенство на Република Српска шампион (9): 1992-1993, 1993-1994, 1994-1995, 1995-1996, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001 Куп на Република Српска шампион (19): 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2003, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 Женска Јадранска лига (WABA) Учесник во Финалната четворка (1): 2009-2010
Позначајни кошаркарки Истакнати поранешни кошаркарки: Мерсада Беќирспахиќ Велинка Бошњак Милица Деура Ирена Вранчиќ Ивона Богојaе Маријана Бушљета Мирјана Ковчо Биљана Павиќевиќ Анѓелија Арбутина Јадранка Ќосиќ Саша Чаѓо Слаѓана Голиќ Гордана Јањиќ Ана Јоковиќ Лара Мандиќ Марина Марковиќ Смиља Раѓеновиќ Снежана Шипка Лена Трајковски Далиборка Вилипиќ Санда Вуковиќ Драгослава Жакула
Поврзано Прва женска лига на Република Српска во кошарка
Наводи
Надворешни врски Службената веб страница на клубот Профил на веб-страницата eurobasket.com
Категорија:Босанско-херцеговачки кошаркарски клубови Категорија:Република Српска