мини|Анте Поповски „Камена“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1972 година, како издание на ЗИД „Нова Македонија“. Покрај новите песни, објавени за првпат во збирката, таа ја содржи и песната „СФРЈ“, првобитно објавена во списанието „Разгледи“, V, 1963 година.
Содржина Збирката ги содржи следниве песни:Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 315-377. „За многаја лета“ „Алелуја“ „Време“ „Разболина“ „Разделина“ „Магдалена“ „Нашите краишта“ „За многаја лета“ „Камена“ „Рак“ „Кобна“ „На вјеки вјеков“ „Андромеда“ „Водолеа“ „Олтар“ „Оче наш“
„Библиски легенди„ „Госпот стори небото, земјата...“ „Лилјани“ „Прокоба“ „Пророци“ „Недела“ „Библиски легенди 8.“ 9. 10. 11. 12. 13. 14.
„Макови“ 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.
„Сончогледи“ 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. „СФРЈ“
Осврт кон делото Во предговорот кон збирката, Богомил Ѓузел истакнува дека авторот го продолжува своето поетско истражување на татковината, раширувајќи го просторот и продлабочувајќи го во времето. Притоа, тој се обидува да го пронајде нејзиното органско, исконско лежиште во елементите што ја сочинуваат и што ѝ обезбедуваат појако и потрајно постоење. Во однос на времето, поетот го бара тежиштето не само во читливата историја, туку и во митските и во библиските почетоци. Оттука, воопшто не зачудува тоа што одреден број песни се читаат како молитви за отворање на многу железни врати назад и напред во времето. Според Ѓузел, во збирката, „поетот, татковината и светот растат како неделив организам кој фаќа уште подлабок корен, шири поразгранета крошна и зрее уште побогат плод.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 317-318.
Според, Слободан Мицковиќ, родољубивата поезија на Поповски најуверливо е остварена во неговата четврта збирка „Камена“ која органски, духовно произлегува од „Вардар“ и „Непокор“. Сепак, таа не е само патриотска поезија во најтесната смисла на зборот, зашто тој се задлабочува во дамнината не со намера таму да побара потврда за нејзиното величие, туку него претежно го интересира непрестајното живо и творечко опстојување на духовниот живот. За разлика од претходните две збирки, кои се одликуваат со објективизација на поетскиот говор, во оваа се менува стојалиштето на поетот, кој сега е присутен како говорител при што, иако неговото учество во кажувањето на песната и понатаму е затскриено, тој се појавува и низ една дескрипција која не може а да не е лична и низ позицијата на кажувач кој е присутен во целото време што го опфаќа песната.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 540-541.
Наводи
Категорија:Дела на Анте Поповски Категорија:Книги од 1972 година Категорија:Појавено во 1972 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1972 година Категорија:Македонски стихозбирки