K2-18b, позната и како EPIC 201912552 b, е егзопланета која орбитира околу црвеното џуџе K2-18, на оддалеченост од од Земјата. Планетата има радиус од околу 2.6 пати од радиусот на Земјата, со орбитален период од 33 дена и во зоната погодна за живот; при што прима слично количество на светлина на она што го прима Земјата од Сонцето. Првично откриена од вселенскиот телескоп Кеплер, а подоцна истражувана од Џејмс Веб (JWST) со цел проучување на нејзината атмосфера.
Во 2019 година, било објавено присуството на водена пареа во атмосферата на K2-18b, привлекувајќи го научното внимание кон овој систем. Во 2023 година, JWST детектирал јаглерод диоксид и метан во атмосферата на K2-18b. Податоците на JWST се различно толкувани како индикација за планета со воден океан и атмосфера богата со водород, и мини-Непрун богат со гас.
Во 2025 година било објавено дека атмосферата на K2-18b содржи диметил сулфид (DMS), супстанца што може да послужи како биопотпис на егзопланетите, во количина 20 пати поголема од онаа на Земјата. Бидејќи оваа молекула има краток живот, сугестивно е дека концентрацијата на DMS постојано се надополнува. Итан Сигел ја критикувал оваа изјава за нејзините смели тврдења и погрешна анализа, а други научници посочуваат на лабораториски експерименти кои може да произведат DMS без присуство на живот.
Наводи
Категорија:Лав (соѕвездие) Категорија:Вонсончеви планети откриени во 2015 година