Дијабетесот кај мачките е хронична болест при која поради недоволен одговор на инсулинот или инсулинска резистенција доведуваат до постојана висока концентрација на глукоза во крвта. Дијабетесот се јавува кај 1 од 230 мачки, и станува се почест. Дијабетесот е поредок кај мачките, отколку кај кучињата. Состојбата е лечива, и доколку се лекува правилно, мачката може да има нормален животен век. Кај мачки со дијабетес тип 2, брзиот ефикасен третман може да доведе до дијабетична ремисија, при што на мачката повеќе не ѝ е потребен инсулин. Доколку не биде лекувана, состојбата доведува до слабост во нозете кај мачката и на крајот до малнутриција, кетоацидоза и/или дехидратација, и смрт.

Дијагноза мини|десно|Земање примерок од крв од увото на мачката за мерење на концентрацијата на гликоза во крвта на глукометар.Кај луѓето тип 2 дијабетес е дијагностициран кога концентрацијата на глукоза во крвта е постојано над 7 mmol/L (126 mg/dL). Кај мачките дијагнозата вообичаено се поставува кога концентрацијата на глукоза го надминува бубрежниот праг и започнува да се излачува во урината, што доведува до губиток на вода и појава на знаци како полиурија и полидипсија. Ова вообичаено се поврзува со концентрација на глукоза во крвта од 13 до 16 mmol/L (234 до 288 mg/dL) или повеќе.

Наводи

Категорија:Мачки