Филграстим е лек кој се користи во третманот на неутропенија. Низок број на неутрофили може да се јави кај ХИВ/СИДА, по хемотерапија или радијација, или од непозната причина. Се користи интравенски или поткожно.

Чести несакани ефекти се треска, кашлица, градна болка, болка во зглобови, повраќање, и губиток на коса. Тешки несакани ефекти се руптура на слезината и алергиски реакции. Не е јасно дали употребата во бременост е безбедна за бебето. Филграстимот е рекомбинантна форма на природниот гранулоцитен колонија-стимулирачки фактор (G-CSF). Делува преку стимулирање на производството на неутрофили. Филграстимот бил одобрен за медицинска употреба во САД во 1991.

Наводи

Категорија:Имуномодулаторни лекови