Владимир Дедијер (4 февруари 1914 – 30 ноември 1990) – југословенски партизан за време на Втората светска војна, познат и како политичар, активист за човекови права и историчар. Во раните повоени години,тој ја претставувал Југославија во Обединетите нации и бил висок владин службеник.
Подоцна, после конфликтот со владата, се концентрирал на својата академска кариера како историчар. Предавал на Универзитетот во Белград, а исто така бил и гостин-професор на неколку универзитети во САД и Европа. Учествувал во Раселовиот трибунал во 1967 година, разгледувајќи ги активностите на силите на Соединетите Американски Држави во Виетнам, а потоа и во подоцнежните трибунали.
Потекло и семејство Владимир Дедијер бил роден во српско семејство во Белград, во Кралството Србија, кое подоцна било припоено кон Југославија. Неговото семејство потекнува од Чепелица, Билеќа во Босна и Херцеговина и биле православни христијани. Неговиот татко, Јевто Дедијер, бил професор по географија на Белградскиот универзитет, а неговата мајка, Милица, била социјален работник. Тој бил средниот од трите сина: Боривоје, Владимир и Стеван.
Пред Втората светска војна, Дедијер се оженил со Олга Поповиќ. Нивната ќерка, Милица, го добила името по неговата мајка. Откако Олга починала во 1943 година, следната година нејзиниот вдовец повторно се оженил со Вера Крижман, глумица и југословенска партизанка. Со Вера, заедно имале четири деца : ќерката Бојана и три сина, Боривоје (Боро), Бранимир (Бранко) и Марко Дедијер. Бранко извршил самоубиство на 13 години, откако бил испрашуван од полицијата за политичките активности на неговиот татко. Откако се вратил дома, тој се обесил. Боро извршил самоубиство во 1966 година скокајќи од карпа во близина на татковата куќа. Дедијер верувал дека Боро бил убиен од словенечката полиција.
Политичка и револуционерна активност Во својата младост, Дедијер присуствувал на Конференцијата за помирување во Полска во 1929 година, како делегат на југословенската средношколска младина. Во 1931 година, присуствувал на XX Светски конгрес на Христијанската асоцијација на млади мажи во Кливленд, Охајо, во Соединетите Американски Држави.
По завршувањето на средното училиште, студирал право и работел за дневниот весник „Политика“ . Како новинар, станал странски дописник во Полска, Данска, Норвешка (1935), Англија (1935–1936) и Шпанија (1936) во годините пред почетокот на Втората светска војна. За неговата поддршка на републиканската влада во Шпанија за време на Шпанската граѓанска војна, Дедијер бил отпуштен од Политика во 1937 година по наредба на југословенската влада.
Во текот на 1930-тите, Дедијер соработувал со Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Тој себеси се сметал за независен мислител, како неговите српски предци. „Тешко е да се биде Србин“, рече еднаш, „Но, колку е убаво!“
Дедијер им се придружил на југословенските партизани во 1941 година, во нивната борба против нацистичките окупатори. Служел како потполковник во Титовиот штаб. За време на војната бил политички комесар.
Неговата сопруга, Олга, студентка по медицина, која станала партизански хирург, била убиена за време на Битката кај Сутјеска во Босна во 1943 година. Тој бил ранет тогаш и во два подоцнежни наврати. Денот по погребот на Олга, Дедијер бил сериозно повреден. Титовите партизани го унапредиле во полковник и го испратиле на закрепнување во Каиро, Египет и Неапол, Италија. Во 1944 година се вратил во Титовата јадранска база Вис.
После војната, Дедијер служел како член на југословенската делегација на Парискиот мировен договор во 1946 година и на неколку седници на Генералното собрание на Обединетите нации (1945–1952). Станал и професор по историја на Универзитетот во Белград.
Во 1952 година, Дедијер станал член на Централниот комитет на партијата. Наредната година бил назначен во Федералното собрание. Тој бил единствениот член на Централниот комитет кој во 1954 година застанал на страната на Милован Ѓилас кога Ѓилас бил соборен од Тито поради критикување на „новата класа“ партиски бирократи и застапување на владеењето на правото во социјализмот. Дедијер го бранел правото на Ѓилас на слобода на изразување пред ЦК на КПЈ во јануари 1954 година. Како одговор на тоа, Дедијер бил исклучен од КПЈ, отстранет од неговите политички функции и отпуштен од неговата наставничка позиција на Катедрата за историја на Универзитетот во Белград. Ѓилас бил затворен, а Дедијер добил условна казна затвор од шест месеци.
Универзитетска кариера мини|Владимир Дедијер на насловната страница на списанието „Проблеми“ објавено во Љубљана во 1969 година. Откако југословенските власти му дале пасош во 1959 година, на Дедијер му било дозволено да ја напушти земјата со своето семејство. Оттогаш, тој се посветил на пишување историја и предавање. Предавал на Универзитетот во Белград и работел како гостин-професор по историја на универзитети во Соединетите Американски Држави: Мичиген, Харвард, Стенфорд, Принстон и Јеил; и во Европа: Париз (Сорбона), Манчестер (Англија) и Стокхолм, Шведска.
Во 1978 година, станал полноправен член на Српската академија на науките и уметностите.
Дедијер е познат по својата книга „Југословенскиот Аушвиц и Ватикан: Хрватскиот масакр врз Србите за време на Втората светска војна“, која е преведена на неколку јазици. Пишувал за насилната репресија и геноцид извршен од усташките католици во Хрватска, врз етничките групи и религиите што ги сметале за еретици. Проценил дека вкупно 750.000 православни Срби; 60.000 Евреи; и 26.000 Синти и Роми биле масакрирани од усташите.
»... Во католичка Хрватска, „Божјото Царство“, секој што не припаѓал на католичката вера - претежно православни Срби - бил принуден да се преобрати во католицизам. Оние кои одбиле - како и многу кои веќе се преобратиле - биле убивани, по долготрајно мачење, при што редот бил: отсекување на носеви, уши или други делови од телото, или вадење очи. Деца биле отстранувани од телата на бремени жени, а потоа обезглавувани; луѓето биле сечкани на парчиња пред очите на најблиските, кои дури биле принудени да ја соберат прсканата крв во сад итн., да наброиме само неколку ужаси како примери. Овие злосторства добија таков обем што дури и германските нацисти, кои не беа баш сензитивни по такви прашања, протестираа. Ако овој историски факт е малку познат таму каде што сме ние, еден друг факт целосно е непознат: одлучувачкото учество на Ватикан во овие масакри. «
Неговата историја, „Патот до Сараево“ (1966), ги разгледува потеклото на Првата светска војна. Неговата книга „Тито“ (1953) е преведена на дваесет јазици. Дедијер ги донирал сите свои приходи од таа книга (530.000 долари) на добротворни организации. Дедијер напишал два важни текста за југословенската партизанска историја: „Дневник“ и „Тито“, кои се објавени на англиски јазик.
Активности за човекови права, подоцнежен живот и смрт Дедијер се сметал за водечки авторитет за геноцид во дваесеттиот век. Заедно со францускиот филозоф и активист Жан-Пол Сартр, претседавал со Меѓународниот трибунал за воени злосторства „Бертранд Расел“, организиран во 1966 година, во улога на прв потпретседател.
Првиот меѓународен Раселов трибунал бил основан во 1966 година за да ги суди воените злосторства извршени од САД во Виетнам и спровел сослушувања во 1967 година. Трибуналот требало да заседава во Париз, но француските власти одбиле да му одобрат виза на Дедијер. Поради таа причина, Трибуналот ја одржал својата прва седница во Стокхолм, Шведска (2-10 мај 1967 година), а втората седница во Роскилде, Данска (20 ноември - 1 декември 1967 година). Двете сесии ги водел Дедијер. Седниците ги осудиле САД за воени злосторства, агресија и геноцид во Виетнамската војна.
Дедијер претседавал со Третиот меѓународен Раселов трибунал, кој бил конституиран во Дармштат и одржан на 16 октомври 1977 година. Трибуналот се занимавал со негирањето на правото на поединци да ја практикуваат својата избрана професија во Западна Германија поради нивните политички убедувања, откако владата издала дискриминаторски декрет против радикалите во време на големи социјални немири во земјата. Законодавното тело донело закони против во Западна Германија.
Во 1982 година, Дедијер поднел тужба против Коста Наѓ и Ивица Рачан.
Дедијер починал во Бостон на 30 ноември 1990 година. Потоа бил кремиран. Неговата пепел била вратена за погреб на Централните гробишта Жале во Љубљана, Словенија.
Библиографија на Дедијер
Југословенско-албански односи, 1939–1948, Борба, Љубљана, 1949 Тито зборува: негов автопортрет и борба со Сталин, Лондон: Вејденфелд и Николсон, 1953 За воените конвенции; есеј за еволуцијата на меѓународното право, Лунд, Глееруп, 1961 Љубената земја, МакГибон и Ки, 1961 Тито, Сајмон и Шустер, 1963 Патот до Сараево, Сајмон и Шустер, 1966 – Првата светска војна, 1914–1918 Историја на Југославија, МекГроу-Хил, 1974 Битката што Сталин ја загуби: Мемоари на Југославија 1948–1953, Вајкинг Прес, 1 јануари 1971 Нови прилози за биографијaта на Јосип Броз Тито, Младост, Загреб, 1980 Интересне сфери: историја на интересните сфера и тајна дипломатија општо, а посебно на Југославије во вотрата светска војна, Просвета, Белград, 1980 Ватикан и Јасеновац, Рад, Белград, 1987 Ватикан и Јасеновац – Документи, Рад, Белград, 1987 Геноцид над Муслиманите, Светлост, Сараево, 1990 Воени дневници на Владимир Дедијер, Том 1: Од 6 април 1941 до 27 ноември 1942, Универзитет на Мичиген Прес, Ен Арбор, 1990 Воени дневници на Владимир Дедијер, Том 2: Од 28 ноември 1942 до 10 септември 1943, Универзитет на Мичиген Прес, Ен Арбор, 1 мај 1990 Воени дневници на Владимир Дедијер, Том 3: Од 11 септември 1943 до 7 ноември 1944, Универзитет на Мичиген Прес, Ен Арбор, 1 септември 1990 Југословенскиот Аушвиц и Ватикан: хрватскиот масакр врз Србите за време на Втората светска војна, Бафало, Њујорк: Прометеус Букс; Фрајбург, Германија: Ахриман-Ферлаг, 1992
Наводи
Надворешни врски
Serbian Academy of Sciences and Arts biography
Категорија:Академици на САНУ Категорија:Професори на Белградскиот универзитет Категорија:Српски новинари Категорија:Срби од Втората светска војна Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Родени во 1914 година