Молитвено растение (науч. Maranta leuconeura) или само маранта — вид скриеносеменик од семејството маранти, со природно потекло од тропските шуми на Бразил. Се нарекува молитвено растение поради неговите дневни движења зависни од сончевата светлина, кои, според кажувањата, наликуваат на склопени раце во молитва.

Станува збор за променливо, коренишно повеќегодишно растение, кое достигнува височина и широчина до 30 см, со збиени грутки од зимзелени, впечатливо обележани, елипсовидни лисја, секој долг до 12 см.

Растението се шири хоризонтално, покривајќи цела мала површина од шумското тло, пуштајќи корења во подлогата на секој листен јазол.

Опис Видовото име leuconeura значи „со бели жили“, што се однесува на жилите на лисјата. Лисјата имаат навика да лежат рамно во текот на денот, а ноќе да се преклопуваат во исправена положба, како во молитва за вечерна, од каде што доаѓа заедничкото име „молитвено растение“.RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 978-1405332965. Ова поведение е пример за дневен ритам.

Наводи

Категорија:Флора на Бразил Категорија:Собни растенија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__