Чувај ми го грбот 2 (, буквално: Телохранителот на жената на убиецот) — американска акциона комедија, режирана од Патрик Хјуз. Главните улоги ги играат Рајан Рејнолдс, Семјуел Л. Џексон, Салма Хајек и Антонио Бандерас. Премиерата на филмот во САД била на 16 јуни 2021 г., а во Македонија на 24 јуни истата година.
Содржина Раководството на Европската Унија воведува санкции по санкциите врз Грција. Грчкиот милијардер Аристотел Пападопулос се залага да ја врати Грција во нејзината поранешна слава со кибернапад што ќе ја собори Европската Унија.
Професионалниот елитен телохранител Мајкл Брајс, кој наместо заслужената награда, се соочува со трајно губење на лиценцата за спасување на професионален изнајмен убиец, иако е клучен сведок за Меѓународниот трибунал во Хаг, се откажува од сѐ и, по совет на својот психотерапевт, оди на одмор во Италија. Агентот на Интерпол, сосема политички некоректниот Американец Боби О'Нил, кој се занимава со проблемите на навлегување на најважните контролни јазли на индустриската и енергетската инфраструктура на Европа, сфаќајќи дека законските и службените начини во овој случај едноставно нема да работат, му ја дава задачата да го запре кибернападот на „отфрлениот“ Брајс. И во оваа мисија ќе му помогне најопасниот брачен пар во светот — познатиот убиец Дариус Кинкејд и неговата избувлива и целосно безмилосна жена Соња. На крајот на краиштата, Брајс е како син на Кинкејд, а уште повеќе на Соња...
Улоги
|Рајан Рејнолдс |Мајкл Брајс |- |Семјуел Л. Џексон |Дариус Кинкејд |- |Салма Хајек |Соња Кинкејд |- |Френк Грило |Боби О'Нил |- |Ричард Е. Грант |Сајферт |- |Антонио Бандерас |Аристотел Пападополус |- |Морган Фриман |Мајкл Брајс Постариот |- |Гари Олдман |Владислав Духович |- |Драган Мичановиќ |Влад |- |Габриела Рајт |Вероника
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2021 година Категорија:Американски акциони филмови