Молидустат е лек кој делува како HIF пролил-хидроксилаза инхибитор и на тој начин ја зголемува ендогената продукција на еритропоетин, кој го стимулира создавањето на хемоглобин и еритроцити. Се наоѓа во фаза III од клиничките испитувања за третман на анемија предизвикана од хронична бубрежна болест.

Ветеринарна употреба Молидустат е индициран за контрола на нерегенеративна анемија предизвикана од хронична бубрежна болест кај мачки. Добил условно одобрение од страна на американската Администрација за храна и лекови (FDA) во мај 2023.

Рационалното очекување за ефикасноста на молидустат била оценета во студија спроведена во две фази. Првата фаза вклучувала мултицентрична, двојно маскирана, рандомизирана, плацебо-контролирана студија за ефикасност и безбедност. Втората фаза била демаскиранo, незадолжително продолжение на претходната студија. Студијата опфатила 23 мачки од 4 до 17 години од различни раси или мешана раса, дијагностицирани со нерегенеративна анемија предизвикана од ХББ. FDA издала условно одобрение за лекот Varenzin-CA1 на Elanco US Inc.

Наводи

Категорија:Ветеринарни лекови Категорија:Пиримидини