Горанчо Бошковски () — македонски копаничар.
Животопис Горанчо Бошковски е роден на 1 јуни1964 година во Велес, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Велес. Своето образование го продолжил во 1984 година на факултетот за безбедност „Елисиј Поповски Марко“ Идризово, Скопје. До своето пензионирање бил вработен во СВР и МВР Велес. Својата љубов кон копаничарство ја негувал од своето детство, со овој несекојдневен и редок занает започнал од 1995 година па се до денес.
Бошковски од Велес ја продолжил долгата традиција на копаничарството како занает и хоби.
Тој е самоук копаничар кој скоро три децении се занимава со копаничарство. Најчесто во својата работа тој го користел оревот како дрво за неговите резби. Бошковски ги овековекувал во своите резби македонската флора и фауна. Инспирацијата во неговите резби или дрворез во неговото творештво најчесто ја пронаоѓал во македонските цркви и манастири во кои е вткаена историјата на македонската резба. Бошковски е член на Здружението на копаничари на Македонија „ЗКМАК“ во Битола. Своите дела ги изложувал на изложби организирни од „ЗКМАК“. Квалитетните дрворези на Бошковски се препознаени кај љубителите на оваа уметност и последните години тој изработувал резби само по порачка. Во оформување на ореовото дрво во различни форми тој најчесто ги користел техниките: длабока поткопана резба и ажурна или пробушена резба. Бошковски е мајстор на тридимензионално прикажување на сите делови на резбата.
Со свои резби се претставил и на изложбата организирана од Народниот музеј Велес, каде биле презентирани 45 уметнички дела - копаници на десет велешки автори.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Копанирство уметност која изумира Изложба на велешките копаничари Копаничарството како љубов
Категорија:Македонски копаничари Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски уметници