Грејс Акело (родена 1950 година) — поетеса родена во Уганда, есеистка, фолклористка и политичарка. Таа е поренешна амбасадорка на Уганда во Индија.

Ран живот и образование Грејс Акело е Tесо (етничка група во источна Уганда), родена во близина на Сороти, во источниот регион на Уганда. Таа студирала социјална администрација и работа на Универзитетот Макерере во Кампала. Во 1979 година, избегала од владата на Иди Амин и живеела во Танзанија како бегалец.

Кариера Акело работела како уредничка на различни списанија во Кенија и Танзанија пред да отпатува во Англија во 1980-тите за да стане ко-уредничка во Секретаријатот на Комонвелтот. Грејс Акело била на оваа позиција од 1983 до 1990 година.

Политика Во 1990 година, Грејс Акело се вратила во Уганда и создала Комисија за да помогне во решавање на проблемите со раселување и убивање на народот Тесо за време на претседателствувањето на Амин. Оваа Комисија траела до 1996 година. Во 1996 година, таа станала членка на Парламентот на Уганда, а во 1999 година била назначена за Министерка за родови прашања, труд и социјален развој.

Од 1999 до 2006 година, била член на кабинетот на Уганда. Грејс А. била Министерка за иницијативи за микрофинансирање од 1999 до 2003 година, а потоа Министерка за Северна Уганда од 2003 година се до 2006 година, кога ја изгубила функцијата. Грејс Акело потоа станала амбасадорка на Уганда во Италија, со седиште во Рим, а потоа станала и амбасадорка на Уганда во Њу Делхи, Индија.

Литература Нејзината поема Средба која е дел од нејзината збирка Мојата неплодна песна во 1992 година била дел од Ќерките на Африка од Маргарет Базби, избор на дела од жени авторки во Африка. "Encounter", in

Дела

Итесо - обрасци на размислување во приказни, 1975 Мојата неплодна песна. Дар ес Салам, Танзанија: Источноафрикански публикации, 1979 Себе повторно отстранување: Жените на Уганда, издадено во Лондон, 1982

Личен живот Грејс Акело се омажила за Хју Мејсон, во 1983 година. Тие имале четири сина и семеен дом во Уганда, близу Кампала.Umeh, Marie (2001). "Akello, Grace". In Miller, Jane Eldridge (ed.). Who's Who in Contemporary Women's Writing (1st ed.). Routledge. pp. 6–7. ISBN 0415159806.

Наводи

Категорија:Фолклористи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1950 година