Милан Лазаревски (роден на 9 февруари 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Вардар 1961 и за македонската репрезентација. 2019 World Men's Handball Championship roster

Кариера Клупска Лазаревски започнал да се занимава со пливање уште на рана возраст, но на 15-годишна возраст започнал да тренира ракомет во младинските категории на Металург. Од младинските категории тој заиграл за екипата на Металург 2, а по две одиграни сезони за втората екипа, тој бил прекомандуван во првата екипа на Металург за сезоната 2017/18.

Лазаревски минал три и пол сезони во дресот на Металург, а во јануари 2022 година, на полусезона, потпишал договор со словенечкиот клуб Тримо Требње, што бил негов прв интернационален предизвик.Милан Лазаревски ја стартува новата авантура во Тримо Требње gol.mk, 12 јануари 2022 Во дресот на новиот клуб, Лазаревски постигнал 22 гола до крајот на натпреварувачката сезона со процент на реализација од 73.3% Милан Лазаревски на мрежното место на ракометната федерација на Словенија

Во летото 2022 година, Лазаревски се вратил во македонската супер лига, потпишувајќи договор со Вардар 1961.

Репрезентативна Лазаревски бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир.

Тој се нашол на скратениот список на селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонсалес, за Светското првенство 2019 во Германија, а својот прв официјален настап за сениорската репрезентација го остварил на 20 јануари 2019 година на натпреварот од светското првенство против Чиле.Двојна замена на Раул: Даскалоски и Лазаревски на местата на Ристовски и Танкоскиgol.mk; 20 јануари 2019

Лазаревски бил именуван во официјалниот состав на македонската репрезентација за Европското првенство 2024 од страна на селекторот Кирил Лазаров, а следната година и во составот кој го освоил 15. место на Светското првенство 2025.

Успеси Куп на Македонија Победник: 2019, 2023, 2025

Наводи

Надворешни врски Милан Лазаревски на Европската ракометна федерација

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Ракометари од Скопје