Мартин Протоѓер е македонски политички и комуникациски стратег роден на 8 мај 1979 година во Скопје. Дипломирал германски јазик, книжевност и цивилизација и англиски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал медиуми и интеркултурна комуникација на Европскиот Универзитет „Виадрина“ во Франкфурт-Одра, Германија, и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, Бугарија, како дел од специјална програма поддржана од Министерството за надворешни работи на СР Германија и Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Во текот на својот академски и професионален развој, Протоѓер бил добитник на повеќе стипендии од реномирани германски и европски институции, меѓу кои Министерството за надворешни работи на СР Германија, Гете Институтот, Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), Министерството за култура и наука на Баварија, германската педагошка служба за размена, Бош фондацијата и други.

Од 2003 до 2005 година, работел во медиумскиот сектор како советник за односи со јавност и асистент на директорот на Медиа Принт Македонија, кој бил и специјален пратеник на германската медиумска групација ВАЦ за Југоисточна Европа.

Политичката кариера ја започнал во 2005 година како шеф на Кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во време кога партијата била во опозиција. По изборната победа во 2006 година, станал шеф на Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, функција што ја извршувал до 2016 година. Од 2007 до 2017 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2007 до 2011 година и генерален секретар на партијата. Во периодот од 2010 до 2016 година бил претседател на Стратешката комисија на партијата, која се занимавала со создавање стратешки политики и комуникациски насоки.

Протоѓер имал улога во деликатни и значајни за државата дипломатски и политички процеси и преговори во сферата на меѓународни и политички односи, како и во воспоставувањето и одржувањето релации со меѓународната заедница. Тој е политички и комуникациски стратег, кој е дел и еден од носителите на повеќе од седум изборни победи на претседателски, парламентарни и локални избори, нешто кое во подоцниот дел од неговата активна политичка кариера ќе реперкуира со дискусии поврзани со неговиот ангажман.

По 2017 година, во услови на тензична и кризна политичка транзиција, проследена со промена на власта и контроверзи, Протоѓер се повлекува од јавната сцена и се посветува на личен и професионален развој, како и на академски, општествени и приватни проекти од индивидуален и поширок општествен интерес.

Во моментов работи на завршување докторски студии и на неколку авторски и академски иницијативи во области како филозофија, културологија, вредносна трансформација на личноста и општеството, како и стратешки и политички комуникации и односи со јавност, активен е и како консултант за стратегија, комуникации и кризни ситуации, и делува и во некои приватни иницијативи.

Протоѓер според неговите изјави и ставови објавени во медиумите, својот животен и професионален ангажман го води преку идеја заснована на слобода, интегритет, одговорност, доблести и постојан личен раст. Верува дека трајните општествени промени се возможни единствено преку длабока свесност, храброст да се мисли самостојно и доследност во делувањето. Неговата визија е насочена кон создавање мислечко, инклузивно и одговорно општество, во кое секој поединец има можност да успее, да расте, да придонесува и да живее достоинствено, при што смета дека секоја личност водена од доблест и вредности, заслужува секогаш шанса да се докаже и да стане подобар човек и корисен член на општеството.

Протоѓер е посветен сопруг и татко на три деца, при што семејството го смета за клучна основа на личниот развој и животен баланс.

↑ [www.vmro-dpmne.org.mk  http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=2657] ↑ [www.vmro-dpmne.org.mk  http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=2657 http://vmro.50webs.com/stranici/gen%20sekretar.html https://www.facebook.com/UMS.Karpos/posts/195843103774106/] ↑ [www.vmro-dpmne.org.mk  http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=2657] ↑ [www.vmro-dpmne.org.mk  http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=2657] ↑ [„ПРАВНУЦИТЕ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО НОВИ МОМЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ Портокалови комити“, в. Вест, Бр.1833, 8.01.2006 г.[неработеща препратка] http://star.vest.com.mk/404.html Кратка биография на Мартин Протогер от сайта на ВМРО-ДПМНЕ, архив на оригинала от 20 март 2009, посетен на 31 март 2010 https://web.archive.org/web/20090320034902/http:/www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=2768 „Мартин Протоѓер нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, в. Утрински весник, Бр. 2545, 27 ноември 2007 г.[неработеща препратка] „Мартин Протоѓер не е веќе генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, www.time.mk, 31 юли 2011 г.; посетен на 26 ноември 2012 г.[неработеща препратка]  „ПРАВНУЦИТЕ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО НОВИ МОМЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ Портокалови комити“, в. Вест, Бр.1833, 8.01.2006 г.[неработеща препратка] Кратка биография на Мартин Протогер от сайта на ВМРО-ДПМНЕ, архив на оригинала от 20 март 2009, посетен на 31 март 2010 „Мартин Протоѓер нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, в. Утрински весник, Бр. 2545, 27 ноември 2007 г.[неработеща препратка] „Мартин Протоѓер не е веќе генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, www.time.mk, 31 юли 2011 г.; посетен на 26 ноември 2012 г.неработеща препратка

Последната промяна на страницата е извършена на 16 юни 2025 г. в 15:19 ч.