мини|Германска бичкија. мини|Бичкиџии бичат трупец, околу 1900

Бичкија — рачна пила за бичење трупци.

Опис Изработена е од метален дел – челичен лист со остри запци од едната страна и дрвена конструкција – рамка. Се користела на тој начин што на претходно направено скеле на одредена висина се поставувал трупецот кој претходно бил обележан со прави црти за да се означат местата по кои треба да се движи пилата. Оддалеченоста на линиите зависела од тоа колку дебела требало да биде избичената штица.

Постапка на бичење Еден од бичкаџиите стоел на скелето, а друг (понекогаш двајца) бил долу на земја. Потоа со двете раце, обајцата, ја движеле пилата по вертикална линија (горе-долу). Бичкаџијата што стои на скелето бил одговорен за водење на пилата по обележената црта.

Поврзано Бичкиџија

Наводи

Категорија:Алати Категорија:Дрводелство Категорија:Турцизми