Месен народен одбор Умово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Историја Месниот народен одбор Умово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Умово. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, и бил проширен со селото Цветово, на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Цветово. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Умово бил укинат на сметка на соседниот Месен народен одбор Цветово.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Умово имал 1,689 жители, односно вкупното население на Умово и Цветово. Од 1,689 жители, 1,609 биле Македонци, 21 биле Албанци, додека 59 биле Турци.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Умово Умово Умово Категорија:Драчевска Околија Категорија:Скопска Околија