Општина Цветово, именувана и како Месен народен одбор Цветово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947 и 1950-1955 година.

Историја Месниот народен одбор Цветово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Малчиште, Цветово и Црн Врв. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Цветово бил намален на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Умово кој го добил селото Цветово, и новиот Месен народен одбор Сушица кој ги добил селата Малчиште и Црн Врв. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Цветово бил обновен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговите села Малчиште и Црн Врв, и соседниот и укинат Месен народен одбор Умово со неговите села Умово и Цветово. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Цветово била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Елово. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Цветово била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.

Население Според пописот од 1953 година, Општина Цветово имала 3,704 жители, односно вкупното население на Елово, Малчиште, Умово, Цветово и Црн Врв.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 272Албанци 506Турци 2,902Роми 6Срби 1Неопределени Југословени 17

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1953)

Наводи

Цветово Цветово Цветово Цветово Цветово Категорија:Драчевска Околија Категорија:Скопска Околија