Милион Елџенаи Левинио Манхуф (роден на 3 јануари 2002, во Бемстер) — холандски фудбалер, напаѓач на и на холандската репрезентација под 21 година.

Биографија Роден во Бемстер, Северна Холандија, тој има суринамско потекло по неговиот татко и индонезиско по неговата мајка. Неговиот татко, Мелвин Манхуф, е поранешен борец во мешани боречки вештини, спорт со кој се занимавал и Милион пред да одлучи да се фокусира на фудбалот.

Клупска кариера Витесе Својата фудбалска кариера ја започнал на 4-годишна возраст, играјќи младински фудбал за неколку екипи пред да се приклучи на Витесе на 15-годишна возраст. Тој се приклучил на првиот тим во сезоната 2020–2021, дебитирајќи во Ередивиси во поразот со 2–1 на гостински терен од Ајакс. Манхуф постигнал два гола во 20 настапи во својата прва професионална сезона, стигајќи со Витесе до плејоф натпреварите за Европските турнири, каде загубиле од Аз Алкмар. За време на сезоната 2022–2023, тој станал еден од клучните играчи на Витесе, постигнувајќи девет гола во 34 настапи и освојувајќи ја наградата за играч на годината на клубот. Следната сезона, Витесе се соочил со финансиска криза, па така наоѓајќи се на дното на првенствената табела клубот бил приморан да ги продава некои од своите најдобри играчи меѓу кои бил и Манхуф кој во средината на сезоната заминал во Англија.

Стоук Сити На 1 февруари 2024, Манхуф потпишал триипол годишен договор со англискиот клуб од Чемпионшип, Стоук Сити. Дебитирал за „грнчарите“ на 10 февруари 2024 година, во поразот од 3–1 од Блекбурн Роверс. Додека тимот се борел за опстанок, кон крајот на сезоната, Манхуф постигнал важни голови против и . Во последното коло од првенството, тој постигнал два гола во победата од 4–0 против Бристол Сити, помагајќи му на Стоук да ја оствари целта и да остане во лигата завршувајќи на 17-тото место.

Манхуф бил станарден првотимец и во сезоната 2024–2025, играјќи 38 натпревари и постигнувајќи седум гола во првенството и Лига купот.

Репрезентативна кариера Манхуф ја претставувал Холандија во неколку младински репрезентации.

Во јуни 2025 година, бил повикан во репрезентацијата на Холандија под 21 година од селекторот Михаел Рејзигер за Европското првенство во категоријата одржано во Словачка. Тој ги одиграл сите пет натпревари за „Jong Oranje“ на турнирот, на кој стигнале до полуфиналето во кое биле поразени од Англија со 2-1.

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 Е 11 0 КХ 2 1 - - - - 13 1 2021-2022 Е 15 2 КХ 1 0 ЛК 4 0 - - 20 2 2022-2023 Е 33 9 КХ 1 0 - - - - 34 9 2023-фев. 2024 Е 18 4 КХ 3 0 - - - - 21 4Вкупно Витесе 77 15 7 1 4 0 - - 88 16 фев.-јун. 2024 ФЛЧ 14 4 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - 14 4 2024-2025 ФЛЧ 34 5 ФАКуп+ЛК 0+4 0+2 - - - - 38 7Вкупно Стоук Сити 48 9 4 2 - - - - 52 11Вкупно во кариерата 125 24 11 3 4 0 - - 140 27

Наводи

Надворешни врски

Милион Манхуф на soccerway Милион Манхуф на transfermarkt Милион Манхуф на espn Милион Манхуф на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Витесе Категорија:Фудбалери на ФК Стоук Сити Категорија:Родени во 2002 година