Руи Жорже де Соуса Дијаш Македо де Оливеира (роден на 22 март 1973 година, во Вила Нова де Гаја) или само Руи Жорже — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната. Во моментов ја води португалската репрезентација под 21 година, чиј селектор е уште од 2010 година.
Целата своја играчка кариера тој ја поминал во Португалија, носејќи ги главно дресовите на гигантите Порто, шест сезони (1992-1998), и Спортинг Лисабон, седум сезони (1998-2005).
За португалската репрезентација одиграл вкупно 45 натпревари и постигнал еден гол, претставувајќи ја земјата на Светското првенство 2002 и на две Европски првенства (2000 и 2004).
По завршувањето на играчката кариера на 33-годишна возраст, тој започнал да работи како тренер во клубот во кој ја завршил својата кариера, Белененсеш. Во 2010 година, бил назначен за селектор на португалската репрезентација под 21 година, функција која ја врши до денес. Во меѓувреме, тој исто така ја водел и Олимписката репрезентација на Португалија на Олимпијадата 2016 во Рио.
Технички карактеристики Лев бек, познат по својата одбранбена сигурност и конзистентни настапи. Во својата играчка кариера, тој бил познат и по лидерските способности во соблекувалната на неговите тимови и инспирирајќи ги помладите играчи. Дополнително, тој имал и одлични технички квалитети, бил вешт играч со одличен центаршут и добар дриблинг.
Клупска кариера Руи Жорже е роден во Вила Нова де Гаја, округот Порто, започнувајќи ја својата фудбалска кариера во локалниот клуб, ФК Порто. За сезоната 1991-1992, тој бил позајмен на Рио Аве во втората португалска лига, со кој го направил своето професионално деби. Враќајќи се во својот прв клуб во 1992 година, иако никогаш не бил неоспорен стартер во Порто (играјќи повеќе од 20 натпревари само двапати во текот на шестгодишниот престој во клубот), тој сепак дал значаен придонес во освојувањето на пет титули во португалското првенство и три национални купови.
Во јули 1998 година, заедно со соиграчот Бино, Руи Жорже дошол во Спортинг Лисабон во необична размена на играчи во португалскиот фудбал, која во спротивната насока ги однела Пауло Коштиња и Емилио Пеише. Таму останал во следните седум години, играјќи како стартер во најголемиот дел од престојот во клубот и додавајќи уште две првенствени титули во својата ризница со трофеи, освоени во сезоната 1999-2000 и двојната круна освоена во сезоната 2001-2002. Во сезоната 2003-2004 ја добил наградата „Стромп“ за најдобар играч на Спортинг за сезоната. Во неговата последна сезона, му помогнал на клубот да стигне до финалето на Купот на УЕФА, загубено од со 1-3.
Во сезоната 2005–2006, неговата последна во играчката кариера, тој играл за друг лисабонски клуб, Белененсеш. По завршувањето на сезоната, тој се пензионирал од активното играње фудбал - на возраст од 33 години, со повеќе од 400 официјални настапи во кариерата - и се приклучил на младинскиот тренерски штаб на својот последен клуб.
Репрезентативна кариера Руи Жорже играл за португалската репрезентација под 21 година, која загубила во финалето на Европското првенство за играчи под 21 година 1994 од Италија (2–1), и Олимписката репрезентација која завршила на четвртото место на Летните олимписки игри 1996 во Атланта. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 20 април 1994, во ремито 0-0 против во пријателски натпревар.
Тој бил дел од португалските состави на Европското првенство 2000, Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004, на последното одиграно на домашно тло, освоил и медал за второто место откако португалците загубиле само во финалето од . Истата година, тој се збогувал со репрезентација со 45 одиграни натпревари и еден гол (постигнат на 1 септември 2001, во победата со 1-7 над во квалификациите за Светското првенство 2002).
Хонологија на репрезентативните настапи
Тренерска кариера Во мај 2009 година, Руи Жорже бил назначен за главен тренер на Белененсеш за последните два натпревари од сезоната 2008–2009, преземајќи ја функцијата од Жаими Пашеко по поразот од 0–5 на домашен терен од . пришто тимот на крајот завршил втор одзади и испаднал од лигата (подоцна вратен во истата). На крајот од сезоната, тој се вратил во младинските редови.
На 19 ноември 2010 година, Руи Жорже го заменил Осеано на кормилото на португалската репрезентација под 21 година. Тој ја квалификувал репрезентацијата за Европското првенство 2015 во Чешка, по десет победи во исто толку натпревари во квалификациите, и истата ја предводел на завршниот турнир до второто место, откако во финалето биле поразени на пенали од Шведска.
Во 2016 година, тој ја водел Олимписката репрезентација на Португалија на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде „Лузитанците“ биле елимнирани во четвртфиналето после поразот со 4-0 од Германија. Следната година, тој ја предводел репрезентацијата под 21 година на Европското првенство во категоријата во Полска, каде португалците го завршиле настапот уште во првата фаза.
Во ноември 2020 година, откако веќе се квалификувал за Европското првенство 2021, Руи Жорже прославил една деценија на функцијата; во тој момент, тој бил најискусниот селектор меѓу сите репрезентации под 21 година во Европа и бил подолго на функцијата од сите освен четворица сениорски тренери во светот. На завршниот турнир во Унгарија и Словенија во јуни 2021, неговиот тим стигнал повторно до финалето на Европското првенство, но загубиле од Германија со 1-0.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 22 јуни 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1991-1992 Рио Аве СД 32 2 КП 3 0 - - - - - 35 2 1992-1993 Порто ПД 8 0 КП 1 0 ЛШ 4 0 - - - 13 0 1993-1994 ПД 24 0 КП 6 1 ЛШ 10 1 СП 1 0 41 2 1994-1995 ПД 15 0 КП 3 0 КПК 5 0 СП 2 0 25 0 1995-1996 ПД 22 2 КП 5 0 ЛШ 2 0 СП 1 0 30 2 1996-1997 ПД 11 0 КП 1 0 ЛШ 3 0 СП 1 0 16 0 1997-1998 ПД 6 0 КП 2 0 ЛШ 2 0 СП 1 0 11 0Вкупно Порто 86 2 18 1 26 1 6 0 136 4 1998-1999 Спортинг Лисабон ПД 26 2 КП 1 0 КУ 0 0 - - - 27 2 1999-2000 ПЛ 34 2 КП 5 0 КУ 1 0 - - - 40 2 2000-2001 ПЛ 31 0 КП 5 0 ЛШ 4 0 СП 3 0 43 0 2001-2002 ПЛ 30 0 КП 4 0 КУ 5 0 - - - 39 0 2002-2003 ПЛ 22 1 КП 2 0 ЛШ+КУ 22 настапи во квалификациските кола.+1 0 СП 1 0 28 1 2003-2004 ПЛ 29 0 КП 0 0 КУ 4 0 - - - 33 0 2004-2005 ПЛ 19 0 КП 1 0 КУ 12 0 - - - 32 0Вкупно Спортинг Лисабон 191 5 18 0 29 0 4 0 242 5 2005-2006 Белененсеш ПЛ 15 0 КП 0 0 - - - - - - 15 0Вкупно во кариерата 324 9 39 1 55 1 10 0 428 11
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Португалија1994101996102000702001912002902003120200460Вкупно451
Тренерска статистика Португалија под 21 година Статистиката е ажурирана на 24 јуни 2025.
СезонаРепрезентацијаНатпреварувањеПласманУчинокГоловиОдиграниПобедиНерешениИзгубениУспешност %ДГПГГР 2010 Квал. Евро У21 2011 Назначен, 3. место во групата 9, не се квалификувале 6 3 +3 2011 Квал. Евро У21 2013 2. место во групата 6, не се квалификувале 11 5 +6 2012 4 1 +3 2013 Квал. Евро У21 2015 1. место во групата 8, се квалификувале 14 4 +10 2014 8 2 +6 2015 Евро У21 2015 Финалист 7 1 +6 2015 Квал. Евро У21 2017 1. место во групата 4, се квалификувале 19 1 +18 2016 15 4 +11 2017 Евро У21 2017 Групна фаза 7 5 +2 2017 Квал. Евро У21 2019 2. место во групата 8, пораз во баражот, не се квалификувале 6 5 +1 2018 29 9 +20 2019 Квал. Евро У21 2021 2. место во групата 7, се квалификувале 11 6 +5 2020 18 3 +15 2021 Евро У21 2021 Финалист 12 4 +8 2021 Квал. Евро У21 2023 1. место во групата 4, се квалификувале 14 0 +14 2022 27 3 +24 2023 Евро У21 2023 Четвртфинале 3 5 -2 2023 Квал. Евро У21 2025 1. место во групата Г, се квалификувале 17 3 +14 2024 16 3 +13 2025 Евро У21 2025 Четвртфинале 9 1 +8 Вкупно Португалија У21 254 68 +186
Титули Клупски Порто Примеира лига : 5 1992–1993, 1994–1995, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998 10px Куп на Португалија : 2 1993–1994, 1997–1998 Суперкуп на Португалија : 3 1993, 1994, 1996
Спортинг Лисабон Примеира лига : 2 1999-2000, 2001-2002 10px Куп на Португалија : 1 2001-2002 Суперкуп на Португалија : 2 2000, 2002
Орден Медал за заслуги, Орден на безгрешното зачнување на Пресвета Богородица од Вила Висоса (House of Braganza)
Наводи
Надворешни врски
Руи Жорже на soccerway Руи Жорже на transfermarkt Руи Жорже на espn Руи Жорже на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Рио Аве Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Белененсеш Категорија:Родени во 1973 година