Франсиско Гарсија Калдерон Франсиско Гарсија Калдерон Ланда (шпански: Francisco García Calderón Landа, 2 април 1834 – 21 септември 1905) бил перуански адвокат и привремен претседател на Република Перу за краток седуммесечен период во 1881 година, во екот на Тихоокеанската војна . Гарсија Калдерон бил клучна фигура во конечните мировни договори помеѓу Перу и Чиле . Подоцна во постпретседателската кариера, во 1892 година, тој бил назначен за посредник при земјишните спорови меѓу Перу и Еквадор, кои се однесувале на спорните провинции Маинас, Хаен и Тумбес. Гарсија Калдерон бил и академик, автор на сеопфатна историја на претходно споменатите спорни покраини, како и монографија за перуанското законодавство насловена како „Речник на перуанското законодавство“ .

Живот Франциско Гарсија Калдерон бил роден во Арекипа на 2 април 1834 година, како син на судијата Едуардо Гарсија Калдерон и Креспо и Вентура Ланда и Герола. Студирал на Колехио де ла Индепенденсија (Колеџ на независноста) каде што подоцна работел како професор по филозофија и математика .

Со неговиот Речник на перуанското законодавство (Diccionario de la Legislación Peruana) тој го етаблирал своето име како истакнат адвокат. Тој бил претседател на Уставниот конгрес во 1867 година. Од 1868 до 1869 година, тој кратко време бил министер за финансии . Тој бил ипретседател на Сенатот од 1886 до 1887 година

Неговите синови Франциско Гарсија Калдерон и Вентура Гарсија Калдерон станале истакнати интелектуалци во Перу. Третиот син, Хозе Гарсија Калдерон, исто така писател и уметник, починал во 1916 година во Битката кај Верден .

Наводи

Надворешни врски

Колекција на Франсиско Гарсија Калдерон ракописи 121. Специјални колекции и архиви, Библиотека на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего. Категорија:Претседатели на Перу Категорија:Починати во 1905 година Категорија:Родени во 1834 година Категорија:Перуански правници Категорија:Перуански политичари